вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Божиновска: Ви благодарам за интерпелацијата, ова е можност да покажеме што сработивме

by Redakcija
26.10.2026
in Македонија, Топ Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во собраниската расправа за интерпелацијата поднесена од Левица порача дека ја прифаќа можноста да даде отчет за досегашната работа, но побара и од подносителите одговорност за точноста на изнесените тврдења, пренесува.

„Да се биде министер е одговорност и чест, а тоа се оправдува со работа. Им благодарам на пратениците што ја поднесоа интерпелацијата, со што ми дадоа можност да ја претставам нашата работа. Ќе побарам вие да ја прифатите одговорноста за точноста на тврдењата во барањето“, истакна Божиновска.

Таа нагласи дека ја поддржува контролната улога на Собранието и правото на опозицијата да бара одговорност од Владата. Посочи и дека внимателно ќе ги следи пратеничките дискусии за од нив да се извлечат корисни насоки.

Одговарајќи на критиките за електроенергетскиот сектор, Божиновска ги разграничи надлежностите на Министерството од одлуките на енергетските компании и независните институции.

Според неа, Министерството е одговорно за енергетската политика, сигурноста на снабдувањето, рударството и минералните суровини, додека не ги води набавките и не ги склучува комерцијалните договори на ЕСМ. Таа посочи и на законските граници во однос на МЕПСО, како и на независната улога на Регулаторната комисија за енергетика.

Во продолжение на обраќањето, министерката започна да ги претставува резултатите од работењето на Министерството, издвојувајќи го Законот за енергетика.

Интерпелацијата ја поднесоа пратениците на Левица поради критики за состојбите во енергетиката и финансиското работење на ЕСМ. Пратеникот Амар Мециновиќ претходно обвини дека компанијата има милионски долгови и дека власта не презела доволно мерки за нејзина финансиска консолидација.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

17.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

17.11.2026

ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

17.11.2026

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

17.11.2026

Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид: Сѐ ќе сторам сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

16.11.2026

Од 2027 година нови правила за Македонците кои патуваат во ЕУ

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски: „Свои на своето!“ – со корен во минатото и со верба во иднината

4 недели ago

Нова авантура на Пелистер: отворена атрактивна планинска патека со видиковец и кружна рута од 16 км – ФОТО

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Станови во Охрид од 1.350 евра за квадрат: Државата објави оглас за продажба на 51 стан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.