недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

60.000 вработени пред одлука: „Мајкрософт“ понуди пакети за напуштање на компанијата

by Redakcija
27.10.2026
in Технологија

„Мајкрософт“ понудил пакети за доброволно заминување на околу 60.000 вработени, односно приближно 27 проценти од работната сила, објави „Форбс“. Потегот доаѓа во период на огромни вложувања во инфраструктура за вештачка интелигенција.

Понудата се однесува на вработени што ги исполнуваат условите во САД, Канада, Индија и Велика Британија. Според извор на „Ројтерс“, опфатени се повеќе оддели, меѓу кои „Копајлот“, финансии, човечки ресурси и „Иксбокс“, додека маркетингот, комерцијалното работење и безбедноста се исклучени.

Вработените треба во декември да се изјаснат дали ја прифаќаат понудата. Оние што ќе се согласат ќе ја напуштат компанијата на 31 декември, пренесува Си-ен-би-си.

Понудата не значи 60.000 откази

Конечниот број заминувања ќе зависи од интересот на вработените. Пред шест месеци, компанијата понудила програма за доброволно предвремено пензионирање на околу 8.750 работници во САД, а ја прифатиле приближно 30 проценти.

Доколку истиот процент се повтори со новата понуда, би заминале околу 18.000 лица. Тоа е можно сценарио, а не најавен број на укинати работни места.

„Понудата за доброволно заминување е нова за нас. Ќе учиме од неа“, навела директорката за човечки ресурси Ејми Колман во пораката до вработените.

Големи вложувања во вештачката интелигенција

Според „Форбс“, „Мајкрософт“ планира вложувања од 175 до 190 милијарди долари во 2026 година во центри за податоци, енергетска инфраструктура, системи за ладење и специјализиран хардвер.

Компанијата ја развива понудата за вештачка интелигенција преку „Копајлот“ и облачната платформа „Азур“. Истовремено, растечките капитални трошоци го зголемуваат притисокот за контрола на оперативните расходи.

Колкав ќе биде обемот на преструктурирањето ќе стане појасно откако вработените ќе одлучат дали ќе ги прифатат пакетите.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Битка за иднината на вештачката интелигенција: Америка и Кина ги развиваат три четвртини од водечките модели

Битка за иднината на вештачката интелигенција: Америка и Кина ги развиваат три четвртини од водечките модели

22.11.2026
Клод реши математички проблем што ги мачи научниците веќе 167 години

Клод реши математички проблем што ги мачи научниците веќе 167 години

20.11.2026

Откриени најдобрите и најлошите автомобили на технички преглед: Резултатите ќе изненадат многумина

19.11.2026

Голем кибернапад: Нападнати страниците на дури 178 светски компании

17.11.2026

Xiaomi ги претставува Xiaomi 18 Pro Max и Xiaomi 18 Pro – премиум паметни телефони од новата генерација, создадени за ерата на вештачката интелигенција

17.11.2026
Развод од 70 милијарди долари? По оставката на шефот на „Нвидиа“, светот шпекулира за неговото богатство

Развод од 70 милијарди долари? По оставката на шефот на „Нвидиа“, светот шпекулира за неговото богатство

14.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје ги отвори раните уписи со попусти до 1.200 евра и платена пракса

7 месеци ago
ВИДЕО | Трамп се пошегува со поддржувачите: „Можам да ги кажам и најголемите глупости, а вие пак ќе аплаудирате“

ВИДЕО | Трамп се пошегува со поддржувачите: „Можам да ги кажам и најголемите глупости, а вие пак ќе аплаудирате“

1 месец ago

Популарни Вести

  • Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

    Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КОЧО АНЃУШЕВ ВО БИТОЛА: СО БАТЕРИИ, ФАБРИКИТЕ МОЖАТ ДА ЈА КОРИСТАТ СОПСТВЕНАТА ЕВТИНА СТРУЈА И КОГА НЕМА СОНЦЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.