вторник, октомври 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

by Redakcija
27.10.2026
in Економија

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа на „Фајненшел тајмс“ (Financial Times), проблемот е опишан како „следниот голем ресурсен шок“, со предупредување дека растечката побарувачка може да ја надмине понудата на овој метал во претстојните децении.

Бакарот има клучна улога во електрификацијата на економијата поради неговата одлична електрична спроводливост. Тој е неопходен за соларните панели, електричните возила, енергетските мрежи и инфраструктурата, но и за центрите за податоци што ја поддржуваат експанзијата на вештачката интелигенција, како и за сè посложените системи во воената индустрија.

„Фајненшел тајмс“ посочува дека зелената транзиција, развојот на вештачката интелигенција, зголемените воени инвестиции и инфраструктурниот развој во земјите во подем се мегатрендови што ја зголемуваат потребата од бакар. Истовремено, глобалната понуда не се зголемува со темпо што би можело да ги задоволи идните потреби.

На размерите на проблемот предупредува и истражувањето на „БлумбергНЕФ“ (BloombergNEF), според кое значителен долгорочен недостиг може да започне уште во 2028 година. Проекциите укажуваат дека понудата би можела да биде 8 отсто помала од побарувачката во 2035 година, а разликата да достигне 44 отсто до 2050 година. Слични предупредувања за идните дефицити во снабдувањето со бакар доаѓаат и од Меѓународната агенција за енергетика.

„Изградбата на еден дата центар може да трае шест месеци, но за откривање на ново наоѓалиште на бакар, добивање дозволи и изградба на нов рудник може да бидат потребни 15 години. Всушност, многу компании што експлоатираат бакар се мачат дури и да го одржат производството на постојните локации – голем дел од нив работат со децении и се соочуваат со опаѓање на квалитетот на рудата. Во однос на обемот на побарувачката, бројот на нови „гринфилд“ рудници што се пуштаат во производство е исклучително мал, бидејќи во текот на изминатите неколку децении значително се намалени активностите за нивно откривање и развој“, оценува Џонатан Прајс, извршен директор на големиот производител на бакар „Тек“.

Дали Македонија ќе ги искористи своите потенцијали на бакар во период кога светот ќе се бори за повеќе количини од металот? Во моментов функционира единствено рудникот за бакар „Бучим-Боров дол“, кој веќе ги исцрпува капацитетите. Од друга страна, во минатото голем број на инвестиции во проекти за ископ на бакар пропаднаа и сега актуелна е само гринфилд инвестицијата во проектот „Иловица-Штука“. Во Стратегијата за минерални суровини 2026-2046, беше посочено Македонија да ги искористи капацитетите на критични суровини и да се вклучи во светската трка, запазувајќи ги европските стандарди во рударството. 

Усогласувањето со европските стандарди се очекува и преку усвојувањето на најавените предлог закони за рударство и за геологија. Текстовите на двата закона неодамна беа расправани и во Стопанската комора на Македонија, од каде соопштија дека предложените решенија се насочени кон обезбедување поголема правна сигурност, поттикнување на инвестициите, поефикасни административни постапки и зајакнување на заштитата на животната средина.

„Рударството и геологијата не се само економски дејности. Тие претставуваат важен дел од индустриската основа на државата, обезбедуваат суровини за бројни други сектори, отвораат работни места, придонесуваат за локалниот и регионалниот развој и имаат значајна улога во економската и стратешката сигурност на земјата. За овој сектор да се развива одржливо и конкурентно, неопходна е стабилна, јасна и предвидлива законска рамка. Потребни се правила што ќе овозможат одговорно управување со минералните суровини, квалитетни геолошки истражувања, безбедно работење и заштита на животната средина, а истовремено ќе создадат услови за нови инвестиции и модернизација на постојните рудници“, соопштија од Комората.

Додека трае светската трка за минерали, а кај нас се расправа за предложените текстови на законите кои се очекува да отворат пат за нови инвестиции и геолошки истражувања, од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која дава поддршка за проектот во Иловица, соопштија дека Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси.

„Македонија не смее да остане само набљудувач на овие процеси. Земјата располага со минерални ресурси и проекти што отвораат прашања за нивната економска оправданост, иднина и можен придонес кон развојот. Иловица е еден од најзначајните примери во оваа дебата, но и пример како значајни рударски инвестиции можат со години да останат без конечна разврска. Развојот на рударството не смее да биде тема што се сведува на дневнополитички преписки, меѓусебни обвинувања и политички пораки. Тоа е сложено економско, техничко и општествено прашање што бара стручна, аргументирана и инклузивна дебата“, се наведува во соопштението.

Од иницијативата додаваат дека Македонија не смее да ја пропушти можноста минералните ресурси да ги разгледува како дел од својата долгорочна развојна политика, а одговорното рударство, кога е економски оправдано и усогласено со високите стандарди за заштита на животната средина, може да создаде можности за инвестиции, работни места, развој на локалните бизниси и подобрување на животниот стандард.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Високите камати ги одвраќаат купувачите: Најголем пад на интересот за станбени кредити во еврозоната

27.10.2026

Германија подготвува големи промени за работниците од Балканот

27.10.2026

Пренџов: Ако опозицијата е убедена во интерпелацијата, зошто нејзините првенци не учествуваат во дебатата?

26.10.2026

Ќе поскапат ли кинеските производи? Што би донеле новите мерки на ЕУ за купувачите

26.10.2026

Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,26 отсто и најголем промет со акциите на Комерцијална банка

26.10.2026

Регулаторна со нов ценовник – Бензините поевтинуваат

26.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ивица Дачиќ приклучен на респиратор, лекарите се борат за неговиот живот

8 месеци ago

ВЛЕН: ДУИ и Нефи стојат зад милионски злоупотреби во МЕПСО

6 месеци ago

Популарни Вести

  • „Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Високите камати ги одвраќаат купувачите: Најголем пад на интересот за станбени кредити во еврозоната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: По 14 години, меѓународниот тутунски форум повторно во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Финансиската полиција открива сомнителна шема – Договор за закуп, милионски пенали и стечај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Целта е јасна – да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.