Триесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако неговата 40-годишна познаничка го пријавила дека ја измамил за 1.558.300 денари.
Според информациите од полицијата, тој бил приведен на 26 октомври во 18:15 часот од полициски службеници на СВР Скопје.
Како што навела жената во пријавата, претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка. По завршувањето на процедурата, според нејзините наводи, мажот ѝ ги зел парите, а потоа одбивал да се сретне со неа.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
…











