Товарниот брод „Контшип џет“, кој плови под либериско знаме, бил нападнат со дронови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег, објавија локалните медиуми. Бродот патувал од Израел кон Романија.
Според извештаите, нападот се случил додека бродот минувал во близина на ’ртот Калиакра. Членовите на екипажот се евакуирале во чамци за спасување, но засега нема информации за нивната здравствена состојба и за размерите на штетата.
Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов изјавил дека во нападот биле употребени три дрона. Според неговите наводи, бродот бил погоден на околу 21 наутичка милја од градот Шабла.

Во објавените информации не е наведено кој стои зад нападот.
Инцидентот се случува во период на извештаи за напади со воздушни и поморски дронови врз трговски бродови во близина на бугарскиот и романскиот брег во текот на октомври.
Истовремено, министрите за одбрана на Бугарија, Романија и Турција одржуваат средба посветена на поморската безбедност во Црното Море.
…











