вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Од 9 ноември се менува начинот на плаќање: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

by Redakcija
02.11.2026
in Економија

Од 9 ноември почнува примената на нови стандарди во домашниот платен промет, кои ги опфаќаат граѓаните и компаниите. Промените се однесуваат на означувањето на денарските сметки, изгледот на платните налози и шифрите за намената на плаќањата.

Според Македонската банкарска асоцијација, приспособувањето е дел од модернизацијата на платниот промет и усогласувањето со Законот за платежни услуги и платни системи и подзаконските акти на Народната банка.

Денарските платежни сметки ќе се прикажуваат во меѓународниот ИБАН-формат, со додавање на префиксот „MK07“ пред постојниот број. Ова не подразбира отворање нова сметка или префрлање на средствата.

Банките ќе ги направат потребните приспособувања во електронското и мобилното банкарство. Начинот на внесување на сметките ќе зависи од решението на конкретната банка, па клиентите треба да ги следат нејзините упатства.

Досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53 ќе бидат заменети со стандардизирани платни налози во хартиена и електронска форма. Ќе се менуваат распоредот и содржината на полињата, а кај одредени налози ќе се бараат и адресни податоци за плаќачот и примачот.

За намената на домашните денарски плаќања, наместо досегашните нумерички шифри, ќе се користат четиризнаковни алфанумерички ознаки, усогласени со стандардот ISO 20022. Корисниците треба да внимаваат и на однапред подготвените налози со датум на извршување од 9 ноември.

Според пренесените банкарски известувања, за девизните трансакции и за денарските плаќања во кои учествува нерезидент остануваат соодветните трицифрени шифри според прописите за плаќања со странство.

Компаниите што користат сметководствени програми и автоматизирано доставување налози треба навреме да проверат дали нивните системи се приспособени на новите барања.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

23.11.2026

Вашингтон најавува силна поддршка за домашната рударска индустрија

23.11.2026

Добри вести за возачите – Од полноќ бензините поевтинуваат

23.11.2026

Авионските билети ќе поскапат до 20 отсто?

23.11.2026
Фабрика

Колку заработуваат автомобилските компании од секое продадено возило? Бројките изненадуваат

23.11.2026
Фершпед

Добивката на групата Фершпед порасна 10,6%, иако матичното друштво заработи помалку

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

(Фото) СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА ОВА ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ ШТО НИ ЈА ПРОМЕНИ ИСТОРИЈАТА

3 месеци ago

Општина Прилеп објави јавен повик за членови на Локалното собрание на млади

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Да ги охрабриме младите жени да преземаат раководни позиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали јаболкото е подобро да се јаде наутро или навечер? Еве што велат експертите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куче херој спаси девојче од давење во базен: Снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинески автомобил забранет во цела ЕУ: Премногу личи на „Ленд Ровер Дефендер“, казните достигнуваат 10 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Ако се обидат да ме уапсат, ќе штрајкувам со глад – милион луѓе ќе излезат на улиците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.