понеделник, ноември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Затворени експозитури, незадоволни клиенти: Редици пред Алта банка во Битола

by Redakcija
02.11.2026
in Економија

Група граѓани утрово чекале пред Алта банка во Битола, барајќи да влезат и да ги подигнат своите средства, објави Телма. Експозитурите на банката од денеска, 2 ноември, привремено не работат со клиенти, до дополнително известување.

Според телевизијата, дел од присутните инсистирале да бидат пуштени внатре. Незадоволни се од неделното ограничување од 10.000 денари, за кое велат дека не е доволно за покривање на основните животни трошоци.

Граѓаните посочиле дека имаат сметки и други обврски што не можат да ги одложат. Во изјавите за Телма прашувале и колку време ќе им биде потребно за да ги подигнат заштедените средства доколку ограничувањето остане во сила.

Дел од нив изјавиле дека поради загриженост сакаат да ги повлечат сите пари што ги чуваат во банката.

Алта банка претходно соопшти дека привременото прекинување на работата на експозитурите со клиенти е поврзано со мерките на Народната банка. Во известувањето се наведува неделен лимит од 10.000 денари за физичките лица за користење средства преку платежните картички.

Од банката најавија дека за промените ќе информираат преку официјалните канали. Засега во пренесеното известување нема датум за повторно отворање на експозитурите за работа со клиенти.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Гувернерот Славески со појаснување за привремените мерки во Алта банка

02.11.2026

Богата европска земја бара работници: Олеснето вработување странци во дваесет професионални групи

02.11.2026

Алта банка – Битола: Експозитурите привремено нема да работат со клиенти од 2 ноември

02.11.2026
ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЛЕЧЕНИ ОД АЛТА БАНКА ЗА ЕДЕН ДЕН: Славески најавува ограничувања до три месеци – што ќе се случува со парите на граѓаните?

ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЛЕЧЕНИ ОД АЛТА БАНКА ЗА ЕДЕН ДЕН: Славески најавува ограничувања до три месеци – што ќе се случува со парите на граѓаните?

01.11.2026
Во „Алта банка“ имало 1,47 милијарди евра депозити: Што се случило пред да остане без дозвола?

Во „Алта банка“ имало 1,47 милијарди евра депозити: Што се случило пред да остане без дозвола?

01.11.2026

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

31.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Рајанер најавува значително намалување на летови во Европа во 2026 година

Ryanair очекува стабилни цени на билетите во пикот на летната сезона

6 месеци ago

Димовски: МПЦ-ОА не е туѓа милост, туку македонско наследство

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Гувернерот Славески со појаснување за привремените мерки во Алта банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени експозитури, незадоволни клиенти: Редици пред Алта банка во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богата европска земја бара работници: Олеснето вработување странци во дваесет професионални групи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Над десет километри патна инфраструктура и нови 220 паркинг места во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алта банка – Битола: Експозитурите привремено нема да работат со клиенти од 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.