вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

by Redakcija
04.11.2026
in Република

Актерката Соња Михајлова е добитничка на наградата „4 Ноември“ за животно дело, додека признанијата за едногодишни достигнувања им припаднаа на професорот д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и спортскиот учител Кире Марков. Наградите беа доделени на свечената академија во Центарот за култура, по повод 82 години од ослободувањето на Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање истакна дека 4 ноември 1944 година останува трајно врежан во меморијата на градот како ден на слободата, надежта и можноста животот повторно да се гради во мир.

Тој нагласи дека почитта кон борците и нивните жртви подразбира и одговорност на денешните генерации да ги зачуваат вредностите за кои тие се бореле.

„Наследството живее во нашата посветеност да ги поддржуваме вредностите на слободата, правдата и мирот. Наша должност е да се погрижиме нивните жртви никогаш да не се заборават, а лекциите од историјата да нè водат во нашата потрага по подобро утре“, порача Коњановски.

Добитниците ги соопшти претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски. Тој истакна дека признанијата се благодарност за личниот и колективниот придонес во развојот на градот и поттик за младите генерации.

Соња Михајлова наградена за животно дело

Наградата за животно дело ѝ беше доделена на Соња Михајлова за придонесот во културата и драмската уметност. Во образложението се истакнуваат нејзината 42-годишна кариера, повеќе од 150 улоги на матичната сцена и бројните настапи во земјава и во странство.

Михајлова беше членка на ансамблот на Народниот театар – Битола од 1984 до 2022 година. Покрај театарските остварувања, публиката ја познава и од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други филмски и телевизиски проекти.

Признанието, за кое ја предложи Народниот театар – Битола, се состои од плакета и парична награда од 60.000 денари. Во име на наградените, Михајлова се обрати пред присутните и се заблагодари за укажаната чест.

Признанија за науката, здравството и спортот

Д-р Горан Илиќ, редовен професор на Правниот факултет и проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, е награден за придонесот во меѓународната афирмација на градот и развојот на научноистражувачката работа. Предложен е од Ротари клуб „Битола“, а во образложението е нагласена и неговата работа како главен и одговорен уредник на списанието „Journal of Liberty and International Affairs“.

Д-р Маргарита Камбовска, специјалист по педијатрија и субспецијалист по неонатологија, го доби признанието за посветеноста во здравствената грижа за новороденчињата и децата. Нејзин предлагач е болницата „Плодност“.

Кире Марков, предложен од група граѓани, е награден за придонесот во спортот и обуката на деца во пливање и скијање. Годинава тој одбележува шест децении занимавање со спорт, а зад себе има и учества на околу 30 маратони во земјава и во странство.

Наградите за едногодишни достигнувања се доделуваат во вид на диплома и паричен износ од по 15.000 денари. Одлуките за добитниците ги донел Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“ на седница одржана на 26 октомври.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

24.11.2026

По 6.000 денари за младите битолчани: Објавен јавен повик за финансиска поддршка

24.11.2026

Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

24.11.2026

Можност за младите до 30 години: Отворен оглас за инженери во седум градови во Македонија

24.11.2026

Утре без струја четири локации во Тетовско: Прекини до пет часа

23.11.2026

Коњановски: Нова соларна централа од 40 киловати во ОУ „Св. Климент Охридски“

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Пристигнаа првите Македонски државјани од Блискиот Исток, уште 600 чекаат враќање

9 месеци ago

Албанија со остар чекор кон Техеран: Иран прогласен за спонзор на тероризам, Израел ја поздрави одлуката

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Првиот прекин почнува во 08:00 часот: Каде утре ќе нема струја во Скопје и околината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска: Граѓаните ќе добиваат по 6 денари за амбалажа што досега се фрлаше во ѓубре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.