СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј. и Г.Ј., двајцата на возраст од 78 години, поради сомнение за фалсификување исправа и измама. Според МВР, станот бил запишан на име на првопријавениот откако копија од преправен договор за купопродажба била заверена кај нотар.
Полицијата се сомнева дека А.Ј. ги изменил податоците за купувачот во договорот и додал потпис. Според пријавата, Г.Ј. потоа ја искористила копијата од преправениот договор и ја заверила кај нотар. По заверката, станот бил запишан на име на А.Ј.
…











