Од утре, вторник, 10 ноември, во Македонија се очекува значително затоплување. Според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, дневните температури ќе се движат од 12 до 18 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели ќе достигнат и до 20 степени.
Затоплувањето се должи на прилив на потопол воздух од Атлантикот, кој ќе донесе и поблаги утра и ноќи. Температурите ќе бидат над просекот за ноември, а во делови од Балканот се очекува да надминат 20 степени.
Потоплото време ќе биде проследено со повремени локални врнежи од дожд, кои на места може да бидат пообилни. Во Македонија ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека на Јадранот и во други делови од регионот се очекува посилен јужен ветер.
…












