Во филијалите на „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово денеска се реализирани вкупно 750 исплати за клиенти кои имаат платежна сметка во банката, а немаат платежна картичка, соопшти Народната банка. Овие клиенти можат да подигнат до 20.000 денари на шалтер.
Исплатата, која досега се вршеше во Битола, од денеска е достапна и во Струмица и во Тетово. На шалтерите во сите три града клиентите можат да платат сметки за комунални услуги и да ги намират обврските за отплата на кредитите.
За клиентите со платежни картички на „Алта банка“, од оваа недела неделниот лимит за подигање готовина и плаќање на продажни места е зголемен од 10.000 на 15.000 денари.
Од Народната банка велат дека исплатите се одвиваат непречено и дека продолжуваат да ја следат состојбата.
…












