четврток, ноември 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се многу повисоки, правиме се за да плаќаме најевтино што можеме

by Redakcija
12.11.2026
in Македонија
Мицкоски и Реџепи во остар дуел за јазичните политики и уставните измени на денешната седница во Собранието
Цените на енергенсите во Европа се многу повисоки, оваа Влада прави се за граѓаните да плаќаат најевтино што може и посочи дека досега успешно се менаџира и нема големи скокови како што има во други земји.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за Тема на денот во Дневникот на Сител говорејќи за енергетската криза истакна дека додека цените на енергенсите во Европа се многу повисоки, оваа Влада прави се за граѓаните да плаќаат најевтино што може и посочи дека досега успешно се менаџира и нема големи скокови како што има во други земји.

Во врска со тоа со каква криза се соочуваме, премиерот Мицкоски посочи дека оваа енергетска криза е епска по неколку основи, а најмногу по тоа што трае и не застанува, напротив станува се полоша и полоша, затоа што започна некаде крајот на февруари месец, еве денеска сме втора недела од ноември, а цените на електричната енергија на берзите веќе неколку месеци држат ниво 300 плус евра за мегават час, како и тоа дека  ако минатата година на почетокот од грејната сезона гасот беше 28, 30 или 32 евра за мегават час, денеска е 85, 86, а имаше и пикови над 100 евра за мегават час.

– Сето тоа како ресурс и суровина влегува во конечната цена на крајниот производ, во случајот затоплување на дел од Скопје, а електричната енергија ја користат граѓаните.  Ние немавме проблем, односно сето ова ние досега го менаџираме одлично.  За да продолжиме да го менаџираме одлично, за да нема големи скокови како што тоа се случува насекаде во Европа за 2 или три пати да се зголемат цените на овие енергенси ние антиципираме можни сценарија креираме модели коишто ќе овозможат да нема големи скокови кога станува збор за цената на електричната енергија и цената на затоплувањето во Скопје, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски појасни дека врз основа на овој модел кој се креира, тој не очекува дека ќе се случат такви големи скокови во кои ќе имаме и големи скокови во трошоците на живот, односно инфлацијата, односно ќе се движиме во рамките на тоа што денешна просечна годишна стапка на инфлација од 3,5-4% колку што е денеска во Македонија.

– Овој модел ќе биде единствен и ценам дека ако успееме ова да го реализираме, а ќе треба да работиме ден за ден оваа зима, ќе имаме безбедна зима со обезбедени енергенси како прво, и она што е второ поважно за мене е да немаме големи скокови во цената на овие два енергенси. Што се однесува до цената на горивата, тука ќе се сложите дека состојбата веќе подолго време е исклучително предизвикувачка. Кај нас дизел горивото има цена под 1,5 евра за литар, додека пак во регионот и Европа тоа е над 2 евра некаде 2,5 или 2,8 евра.  Тука ќе ја држиме политиката на ниска цена затоа што цениме дека на тој начин го браниме стандардот онолку колку што можеме, а ќе сложиме сите дека живееме во време на големи светски предизвици и би рекол состојба на неизвесност., вели премиерот Мицкоски.

Во однос на инфлацијата премиерот Мицкоски нагласи дека како во септември и октомври, така и во месеците наназад имаме пониска инфлација од европската, но и од таа на земјите од регионот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Патувањето станува поскапо: Новите електронски системи допрва ќе создаваат гужви на границите

Нови правила за патување во ЕУ од 2027 година: Македонските граѓани ќе мора да платат 20 евра за електронско одобрение

12.11.2026

Моќен циклон пристигнува на Балканот: Македонија ја очекуваат силен ветер, високи температури и сахарска прашина

12.11.2026

Нови казни преку „Безбеден град“ до крајот на годината: Еве кои возачи ќе бидат на удар

11.11.2026

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата

12.11.2026

Ви стигна порака за казна од „Безбеден град“? МВР предупредува, еве како да препознаете измама

11.11.2026

Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

11.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

5 месеци ago

Историски кадри од вселената: Објавени првите фотографии од Земјата направени од мисијата Артемис II (ФОТО)

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски и Реџепи во остар дуел за јазичните политики и уставните измени на денешната седница во Собранието

    Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се многу повисоки, правиме се за да плаќаме најевтино што можеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската вакцина против рак покажува охрабрувачки резултати: Кај првиот пациент исчезнале метастазите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа во Тетово: Автомобил удрил 31-годишен пешак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови правила за патување во ЕУ од 2027 година: Македонските граѓани ќе мора да платат 20 евра за електронско одобрение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Абу Даби директно во Москва: Луѓето на Трамп пристигнаа на разговори со Путин за крај на војната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.