петок, ноември 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски од терен: Се отстрануваат паднатите дрвја, граѓаните да бидат внимателни

by Redakcija
13.11.2026
in Република

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен со директорот на ЈП „Комуналец“, апелираше до граѓаните на зголемена внимателност.

Според информациите што ги соопшти Коњановски, ветерот на моменти достигнувал удари над 50 километри на час. До 14:30 часот, кај надлежните служби биле пријавени околу 20 паднати дрвја на јавни површини и во дворови на станбени згради. Дел од дрвјата оштетиле паркирани автомобили.

Екипите на ЈП „Комуналец“ интервенирале во текот на денот, а по прекинувањето на силните налети започнале со целосно расчистување и отстранување на паднатите дрвја и гранки.

Коњановски наведе дека, според информациите од Итната медицинска помош и Клиничката болница во Битола, на тројцата повредени им била укажана помош на одделенијата за ортопедија и максилофацијална хирургија, по што биле пуштени на домашно лекување. Тој им посака брзо закрепнување.

Повикувајќи се на информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, градоначалникот посочи дека ветер се очекува до вечерните часови.

„Апелирам на голема внимателност од граѓаните, до стабилизирање на временските услови и комплетно расчистување на теренот од страна на јавните претпријатија“, порача Коњановски.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Силниот ветер направи хаос во Битола: Се урна стаклениот ѕид на Матичното, интервенирала Брзата помош

13.11.2026

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп: Од запуштена ливада до современ парк за спорт, рекреација и одмор

13.11.2026

Коњановски: Резултатите не се создаваат со поставување столици, туку со континуирана работа

13.11.2026

Битола го модернизира водоснабдувањето со европска поддршка: Нови мерни и контролни системи во руралните подрачја

13.11.2026

ЈКП „Водовод“ – Битола со нов проект: Во 2027 година се очекува модернизација и дигитализација на водоводниот систем

12.11.2026

Утре пет часа без струја повеќе села во Тетовско: Исклучувањата почнуваат во 09:00 часот

12.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ФОТО ШТО ГИ ВООДУШЕВИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Вака изгледал Охрид пред 109 години

6 месеци ago

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов до мај следната година, можно и порано завршување

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски од терен: Се отстрануваат паднатите дрвја, граѓаните да бидат внимателни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: Ги имаме стотиците милијарди долари на Иран и Ормутскиот теснец, повеќе не ни треба договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германските ракети можат да предизвикаат нуклеарна војна со Русија: Франција испрати сериозно предупредување до Берлин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска се закани со блокада на европскиот пат: Црна Гора предлага меѓународно решавање на граничниот спор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 1.000 километри со едно кратко полнење: ADAC ги откри најдобрите електрични автомобили за долги патувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.