сабота, ноември 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Без возачка зад волан: Седуммина лишени од слобода, меѓу нив и 16-годишник

by Уредник
14.11.2026
in Црна Хроника
Без возачка зад волан: Седуммина лишени од слобода, меѓу нив и 16-годишник

Седум лица кои управувале возило без положен возачки испит се лишени од слобода во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу нив се и двајца малолетници – 17-годишник од Скопје и 16-годишник од Неготино.

Полицијата на различни локации низ државата лишила од слобода вкупно десет возачи поради сомневање за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.

Според соопштението на МВР, покрај двајцата малолетници, без положен возачки испит биле затекнати и Р.Џ. (27) од скопско Крушопек, А.М. (32) од Чашка, Б.М. (45) од Берово, М.К. (20) од струшка Драслајца и Б.С. (39) од селото Обршани, општина Кривогаштани.

Двајца други возачи управувале и покрај тоа што имале активна забрана за возење. Станува збор за Ј.Б. (23) од неготинско Тремник и З.Ј. (55) од Скопје.

Од слобода бил лишен и А.Ц. (55) од Прилеп, кој, според полицијата, управувал возило под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или додека имаат изречена забрана за управување.

„Сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачуваат од МВР.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Полицајци нападнати при претрес за дрога – Двајца мажи со БМВ се обиделе да ги прегазат

13.11.2026

Серија апсења во Скопје: Шест лица приведени, меѓу нив и двајца турски државјани

12.11.2026

Две години затвор за поранешниот директор на РЕК „Битола“ Пеце Матевски

12.11.2026

Тешка сообраќајна несреќа во Тетово: Автомобил удрил 31-годишен пешак

12.11.2026

Сомнежи за голема даночна измама во Македонија: Државниот буџет оштетен за 23 милиони денари

12.11.2026

Со специјален уред краделе струја: Откриена измама тешка 2,7 милиони денари

11.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Велигденска инспекциска рација: Уништени над 40 тони јајца и стотици килограми небезбедна храна

Над 367 тони небезбедна храна се спречени да стигнат до потрошувачите

5 месеци ago
Над Европа се развива топлинска купола: Се најавуваат рекордни температури

Над 800 жртви од жештините во Германија

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Без возачка зад волан: Седуммина лишени од слобода, меѓу нив и 16-годишник

    Без возачка зад волан: Седуммина лишени од слобода, меѓу нив и 16-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СНЕГ ГИ ЗАБЕЛИ СРБИЈА И ХРВАТСКА: Ограничувања на автопатиштата по наглото заладување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Ахмети добил 5 милиони евра кредит од “Алта банка” Белград преку фирма поврзана со неговиот сват?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рударската опрема добива втор живот – постројка од Бугарија ќе се користи во нов рудник во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Неуспех за „СпејсЕкс“: Забрзувачот на „Старшип“ заврши во море, пропадна планот за двојно враќање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.