сабота, ноември 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Маж извршил физичко и психичко насилство врз 21-годишна девојка па избегал низ прозорец во СВР Битола – полицијата трага по него

by Уредник
14.11.2026
in Црна Хроника
Маж извршил физичко и психичко насилство врз 21-годишна девојка па избегал низ прозорец во СВР Битола – полицијата трага по него

Маж пријавен за физичко и психичко насилство врз неговата 21-годишна партнерка избегал низ отворен прозорец од просторија во СВР Битола, додека полициски службеници преземале дејствија за да го лишат од слобода. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека се трага по него и дека за случајот е известена внатрешната контрола.

Според пријавата, девојката подолг период била изложена на физичко и психичко малтретирање и закани од нејзиниот партнер. Нејзината мајка апелира надлежните итно да го пронајдат пријавениот, додека 21-годишната битолчанка, по проценка на Центарот за социјални работи, е згрижена во шелтер-центар.

Пријавата во полиција

Од МВР информираат дека девојката на 10 ноември во 23:10 часот во СВР Битола пријавила дека истиот ден, околу 17 часот, била физички нападната од нејзиниот партнер К.У.

Според пријавеното, тој подолг временски период физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани. Меѓу наводите се и тврдењата дека ја давел со раце и не ѝ дозволувал да дише.

Нејзината мајка наведува дека ќерката околу година и половина била изложена на тепање и закани по живот. Таа бара итна реакција од институциите и пронаоѓање на пријавениот.

Како дошло до бегството?

Според соопштението на МВР, во моментот кога девојката го пријавувала случајот, К.У. доброволно дошол во СВР Битола заедно со еден од неговите родители.

Додека полициските службеници преземале службени дејствија со намера да го лишат од слобода, тој избегал преку отворен прозорец од просторијата за развод.

„Веднаш биле испратени полициски службеници и преземени се мерки и активности за негово пронаоѓање кои продолжуваат и во моментот“, наведуваат од МВР.

За околностите под кои лицето успеало да избега е вклучена и внатрешната контрола на Министерството.

Рочиштето одложено за 18 ноември

Судското рочиште за изрекување мерки против пријавениот, кое требало да се одржи во петокот по пријава на Центарот за социјални работи во Битола, е одложено за 18 ноември поради неуредна достава и негово отсуство.

Од Обвинителството посочиле дека по пријавата на 10 ноември веднаш дале насока лицето да биде повикано на разговор.

Девојката во меѓувреме е згрижена во шелтер-центар, а нејзината мајка апелира пријавениот што побрзо да биде пронајден.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пиштол и муниција пронајдени во дом во Казандол, приведен 43-годишен маж

Пиштол и муниција пронајдени во дом во Казандол, приведен 43-годишен маж

14.11.2026
Возач со дрва не застанал на знак од шумската полиција, па се обидел да удри полицаец во Желино

Возач со дрва не застанал на знак од шумската полиција, па се обидел да удри полицаец во Желино

14.11.2026
Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка: Исчезнатото девојче било заклучено во автомобил во Сарај

Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка: Исчезнатото девојче било заклучено во автомобил во Сарај

14.11.2026
Без возачка зад волан: Седуммина лишени од слобода, меѓу нив и 16-годишник

Без возачка зад волан: Седуммина лишени од слобода, меѓу нив и 16-годишник

14.11.2026

Полицајци нападнати при претрес за дрога – Двајца мажи со БМВ се обиделе да ги прегазат

13.11.2026

Серија апсења во Скопје: Шест лица приведени, меѓу нив и двајца турски државјани

12.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ракетните напади ги елиминираа потенцијалните наследници на Хамнеи, тврди Трамп

Трамп тврди: Големи се шансите за постигнување договор со Иран до крајот на месецот

7 месеци ago

Апсење на Клиника за гинекологија во Скопје – МВР со детали

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Маж извршил физичко и психичко насилство врз 21-годишна девојка па избегал низ прозорец во СВР Битола – полицијата трага по него

    Маж извршил физичко и психичко насилство врз 21-годишна девојка па избегал низ прозорец во СВР Битола – полицијата трага по него

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје ќе биде домаќин на првиот Форум за енергетска дипломатија – во фокусот обновливите извори, зелените инвестиции и жените во енергетиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски аналитичар бара истрага за „Алта банка“ во Србија: Се сомнева во фиктивни уплати и празен трезор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски весник објави тврдење за ликвидација на Зеленски: Нема официјална потврда за наводната одлука

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ги плати уништените ниви во Крива Паланка? Додека кравите станаа светска вест, граѓаните подготвуваат тужба – ВИДЕО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.