Утре, 17 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Скопје и во општина Илинден.
Во Илинден, од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери, улицата „27“ и околните фирми на оваа улица. Прекинот е поради замена на пет столбови.
Од 08:30 до 15:00 часот, без напојување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, од „ЗУР маркет“ до крајот на слепата улица.
Во Карпош, од 09:00 до 12:00 часот, планиран е прекин на улицата „Теодосие Синаетски“ број 9, поради изведба на дислокација.
Во Ѓорче Петров, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе остане дел од улицата „Анастас Коцарев“.
Во Центар, од 12:00 до 15:00 часот, прекинот ќе опфати дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ број 46.
…












