среда, ноември 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте

by Redakcija
25.11.2026
in Македонија, Топ Вести

Вештачењето како дејност има значајна улога во функционирање на правосудниот систем и остварувањето на правдата. Зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите но и примена на стручни знаења од вештаците, затоа вашата работа има општествена и правна одговорност, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на годишната конференција на Комората на вештаци.    

 

“Вие сте навистина еден од оние сегменти во општеството и во државата коишто можеби и не се толку видливи, но многу значат за функционирањето на државата и сакам да Ви оддадам признание и благодарност за сето она што го правите.  Вештачењето претставува еден од значајните столбови на правосудниот систем, бидејќи овозможува овие сложени стручни, технички, економски, медицински и други прашања од животот да бидат разјаснети преку знаење, искуство, методологија и најважно професионална објективност. Тука Комората на вештаци има особено значајна улога во уредувањето, унапредувањето и афирмирањето на оваа професија. Нејзиното значење не треба да се гледа само низ институционално организирање, туку пред сѐ низ придонесот во градењето на професионални стандарди, стручност, интегритет и доверба” -се обрати Николоски. 

 

Тој додаде дека во ова време кога општеството и правните односи стануваат сѐ посложени, потребата од стручното и независно вештачење постојано расте.

 

“Кога народот сѐ повеќе бара да се спроведуваат законите, кога функционалната правна држава и владеењето на правото е нешто за што сѐ почесто се зборува, потребата од квалитетно, независно и стручно вештачење постојано расте.  Затоа работата не е само професионална задача, туку и голема општествена и правна одговорност. Секој напишан збор значи, се мери и има свое влијание. Како што кажав, ние како Влада ги вложуваме сите напори кон воспоставување на функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава и тука ја имате целата наша поддршка. Независноста на судската власт треба да се разбира не како изолираност од другите институции, туку како гаранција за едно непристрасно и објективно одлучување” – додаде Николоски.

 

Тој на Комората им посака успешна работа и но поголема посветеност и унапредување на професијата.  

… 

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Коњановски: Битола формираше Совет за јавно здравје за да ги координира превентивните активности

25.11.2026

Божиновска: Поголемо влијание на жените во енергетските одлуки – потпишана Скопската декларација

25.11.2026

Тоневски: Нова подлога, седишта и подобро осветлување за ракометното игралиште во Пробиштип

25.11.2026

Забрана за издавање кредити: Казнети две финансиски друштва по вонредни контроли

25.11.2026

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде долгорочен државен приоритет, потребни се заедничка одговорност и одржливо финансирање

25.11.2026

Божиновска: Македонија е поинаква од пред две години, градиме енергетска иднина со конкретни проекти и инвестиции

25.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Укинување на имунитетот на 11 грчки пратеници: Сомнежи за измама со земјоделски фондови на ЕУ

Укинување на имунитетот на 11 грчки пратеници: Сомнежи за измама со земјоделски фондови на ЕУ

8 месеци ago

Македонец ќе го води клубот на Бекам и Невил

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола формираше Совет за јавно здравје за да ги координира превентивните активности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 9 до 14 часот без струја: Кои локации во Тетовско се опфатени?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Поголемо влијание на жените во енергетските одлуки – потпишана Скопската декларација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин: Трамп побара од Украина да престане со нападите врз Русија, но Киев не го слуша – одмаздата е неизбежна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.