четврток, ноември 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка: Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје

by Redakcija
26.11.2026
in Магазин, Топ Вести

Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната концертна понуда на „Охридско лето“, надвор од официјалната фестивалска програма.

Јуна Ли е меѓународно призната оперска уметница, особено позната по улогата на Чо-Чо-Сан во „Мадам Батерфлај“ од Пучини, која ја има изведено речиси 200 пати. Се образувала на Џулијардската школа во Њујорк, а настапувала со реномирани оперски куќи, меѓу кои Метрополитен операта и Вашингтонската национална опера.

Нејзин сопруг и музички партнер е пијанистот Кенет Клецјен, кој студирал на Конзерваториумот при Колеџот Оберлин и Џулијардската школа.

Намерата, според организаторите, е одржувањето концерти во текот на целата година да прерасне во традиција, како благодарност до публиката и поддржувачите на фестивалот, но и како можност за продолжување на средбите со врвни уметници и надвор од фестивалските денови.

„Со овие концерти сакаме да покажеме дека „Охридско лето“ не живее само во текот на фестивалските денови, туку дека нашата мисија продолжува во текот на целата година. На овој начин ја прошируваме нашата концертна дејност, отвораме можности за нови уметнички соработки и ѝ овозможуваме на публиката да ужива во настапите на еминентни музички имиња и надвор од летниот период. Особено ни е важно оваа иницијатива да прерасне во традиција и „Охридско лето“ да продолжи да биде значаен дел од културниот живот и во текот на годината“, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

Посебно значење на концертот му дава и застапеноста на дела од американски композиторки, кои ќе бидат изведени премиерно пред македонската публика. Со вклучувањето на нивното творештво во концертната програма, „Охридско лето“ ја истакнува важноста на родовата инклузивност во класичната музика, отвора простор за поголема видливост на жените-композиторки и придонесува кон афирмација на разновидни современи музички изрази.

„Особено ни е важно што со овој концерт пред македонската публика премиерно претставуваме и дела од американски композиторки, како определба да ја истакнеме родовата инклузивност во класичната музика. Со тоа сакаме да ја збогатиме понудата за публиката и да поттикнеме интерес за творештвото на авторки чии дела заслужуваат да бидат почесто присутни на концертните сцени“, додава Цуцковски.

Концертната година во рамки на „Охридско лето“ ќе биде заокружена на 7 декември во Охрид, со предновогодишен концерт кој ќе биде музички подарок за градот и охриѓани.

На сцената ќе настапат бугарската сопранистка Илина Михајлова и италијанскиот пијанист и композитор Франческо Барбагелата.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Филип II Македонски основал град кај Битола пред 2.300 години: Во него се наоѓа мозаик од над 100 квадратни метри со претстава на рајот

26.11.2026

Проданоски: Стопанствениците ги изнесоа своите приоритети за Буџетот на Прилеп за 2027 година

26.11.2026

Грешка што многумина ја прават во зима: Еве како правилно да го проверите притисокот во гумите

26.11.2026

Пред 2.500 години создадена е бронзена танчерка висока само 9 сантиметри: Древното ремек-дело е откриено во Тетово

26.11.2026

Попуст што може да ве наведе да потрошите повеќе: Финансиски хороскоп за 26 ноември

26.11.2026

Атлантида цело време ни била пред очи? Мистеријата за потонатата цивилизација повторно води кон Азорските Острови

26.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Борче Димитровски за muzika24: Битола – културно искуство што се живее 365 дена во годината

6 месеци ago

Законот против пушење се одложува?!

9 месеци ago

Популарни Вести

  • „Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка: Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • К-15 мора да се исплати до 31 декември: Еве колку пари најмалку треба да добијат работниците во 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филип II Македонски основал град кај Битола пред 2.300 години: Во него се наоѓа мозаик од над 100 квадратни метри со претстава на рајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Стопанствениците ги изнесоа своите приоритети за Буџетот на Прилеп за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грешка што многумина ја прават во зима: Еве како правилно да го проверите притисокот во гумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.