Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна посета на РЕК Битола, каде што одржа состанок со раководството на комбинатот и на АД ЕСМ.
На средбата се разговарало за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор, како и за идните планови за унапредување на работењето.
Мицкоски истакна дека континуираната комуникација, координацијата и посветеноста на институциите и вработените се од особено значење за стабилното функционирање на енергетскиот систем.
Според премиерот, заедничката работа и одговорниот пристап се важни за обезбедување сигурно и континуирано производство на електрична енергија.
…












