понеделник, ноември 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

БМВ, Рајнметал и германските индустриски гиганти се здружуваат за обезбедување критични суровини

by Redakcija
30.11.2026
in Економија

BMW, Rheinmetall и други германски индустриски компании подготвуваат формирање заедничка компанија за трговија со критични суровини, преку која ќе ги обединат набавките, финансирањето и инвестициите во рударски проекти. Планот предвидува и создавање стратешки резерви на минерали како бакар, литиум, графит и кобалт.

Подготовките за новата компанија треба да завршат до средината на 2027 година. Иницијативата се развива паралелно со плановите за државен фонд за суровини, чија вредност би достигнала до 1,5 милијарди евра. Целта е да се обезбеди стабилно снабдување со материјали клучни за автомобилската индустрија, одбраната, енергетиката и електрониката.

Носители на проектот се компании од одбранбената индустрија и германската Асоцијација на автомобилската индустрија (VDA), од каде соопштија дека за подобро координирање на постојните владини капацитети, Сојузниот институт за геологија би требало да прерасне во Германска агенција за суровини и енергетска безбедност, со поширок мандат и дополнителни одговорности. Ова би ѝ овозможило на агенцијата да дава поддршка на стратешки проекти и да ја олесни соработката помеѓу владата, индустријата и меѓународните партнери. Според пишувањата на локалните медиуми, во 2024 година, Кина учествувала со околу 91% во глобалното производство на преработени ретки земјени елементи, кои се користат во магнетите. Нејзиниот удел во преработката за графитот наменет за батерии изнесувал околу 94%, 78% за кобалтот, 70% за литиумот и околу 44% за бакарот на светско ниво.

„Без сигурно снабдување со критични суровини, не е можно да се оствари силна индустриска вредност во Германија. Нашата зависност од мал број земји-снабдувачи ги прави синџирите на снабдување ранливи на геополитичките тензии, ограничувањата на извозот и наглите скокови на цените. Затоа е неопходно да ги диверзифицираме изворите на суровини и да ги направиме синџирите на снабдување поотпорни. Рамката за безбедност на суровините нуди конкретен пристап за постигнување на оваа цел, преку поврзување на индустриската побарувачка, корпоративната одговорност и сигурната политичка рамка“, истакна Хилдегард Милер, претседател на Асоцијацијата.

„Ниту една компанија не може сама да се справи со зависноста од стратешки суровини. Преку Рамката за безбедност на суровините, ги поставуваме темелите за обединета побарувачка за суровини, пристап до нови извори на снабдување и распределба на ризиците на повеќе страни. Заедно со владата, имаме за цел да ја зајакнеме сигурноста во снабдувањето и да обезбедиме поголема предвидливост при планирањето во индустријата – од мали и средни претпријатија до големи корпорации“, изјави Николај Мартин, претседавач на Комитетот на VDA за синџири на снабдување во автомобилската индустрија.

Македонија засега не е вклучена во потрагата по критичните суровини, иако се најавуваат повеќе геолошки истражувања. Додека македонската економија силно зависи од случувањата на германскиот пазар, во моментов кај нас се спроведува едно геолошко истражување, за присуството на антимон кај Крива Паланка. Воедно, има и само една сериозна инвестиција во ископ на критичен минерал, а тоа е бакарот во Иловица. Рудникот се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10 илјади тони бакар.

Македонското рударство е во надолен тренд, иако повеќе домашни експерти повикаа државата да фати чекор со случувањата во Европа. Неодамна, универзитетскиот професор и претседател на Здружението на металурзи, Горан Начевски оцени дека Македонија во моментов е во статус-кво состојба – што значи дека имаме потенцијал, но е неискористен. 

„Направени се минерални испитувања, докажано е дека постојат, но досега не ги искористуваме. Всушност ова се нашите „пет минути“, коишто можат да поминат, а ние така да останеме. Критичните минерали во моментов се потребни. Кога за неколку децении ќе се заситат, тие метали коишто се сега во моментот критични, можеби нема веќе да бидат критични“, оцени Начевски во разговор за ТВ Сител.

Инаку, властите во Берлин ја поддржаа иницијативата на домашната индустрија. Германското Министерство за економски прашања и енергетика соопшти дека Германија треба да ја намали својата зависност од ограничен број добавувачи на критични суровини, како и да ги прошири и направи поотпорни синџирите на снабдување.


„Со планираната германска Компанија за тргување со суровини, индустријата презема одговорност преку здружување на набавките и развивање нови извори на снабдување, со што придонесува за создавање поотпорни синџири на снабдување“, изјави Луиза-Марија Шпо, портпарол на Министерството.

Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека состојбата со критичните суровини, каков што е и бакарот, силно ќе влијае на економиите, а со тоа и на националната безбедност. Според него, без критични суровини не би имало батерии, ниту електрични мотори со високи перформанси, ниту современи полупроводници. Тој порача државите да помогнат во диверзификацијата на изворите на снабдување, да го зајакнат рециклирањето и циркуларната економија, а Брисел да создаде залихи на европско ниво.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Долг од 115.000 денари за позајмени 30.000: Граѓаните бараат заштита поради трошоците за брзи кредити

Долг од 115.000 денари за позајмени 30.000: Граѓаните бараат заштита поради трошоците за брзи кредити

29.11.2026
К-15 до 31 декември: Колку пари им следуваат на работниците и што ако работодавачот не исплати?

К-15 до 31 декември: Колку пари им следуваат на работниците и што ако работодавачот не исплати?

29.11.2026
Што се случува со рудникот по последниот ден на ископ

Што се случува со рудникот по последниот ден на ископ

29.11.2026
Европа го смени рускиот гас, но не и зависноста: Норвешка заработува милијарди, индустријата ги чувствува високите цени

Европа го смени рускиот гас, но не и зависноста: Норвешка заработува милијарди, индустријата ги чувствува високите цени

29.11.2026

Станови за околу 1.000 евра по квадрат за млади брачни парови

28.11.2026

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

28.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нов јавен повик од Општина Битола: Поддршка од 1,45 милиони денари за културно-уметничките друштва

8 месеци ago

Британски командоси упаднаа на руски танкер: Шестчасовна акција во Ла Манш против „флотата во сенка“

6 месеци ago

Популарни Вести

  • БМВ, Рајнметал и германските индустриски гиганти се здружуваат за обезбедување критични суровини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО | Автомобил се забил во продавница во Тетово: Возилото завршило во излогот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Полска поставија „Абортомат“: Со ПИН-код се подигнуваат таблети за прекин на бременоста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претепани двајца работници на „Комунална хигиена“ во Скопје: Чекале автобус за дома кога биле нападнати од повеќе лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со дронови и термални камери ќе се бараат кравите во Крива Паланка: По заловувањето ќе се сместат во Идризово и Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.