понеделник, септември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Швајцарија ја освои титулата „Најпаметна земја во светот“ според новата анализа на „Ворлд оф кард гејмс“

by Redakcija
01.01.2026
in Магазин
mozok

Швајцарија ја зазеде врвната позиција на листата на најпаметни земји во светот, според новото рангирање на веб-страницата „Ворлд оф кард гејмс“. Со впечатлив резултат од 92,02 поени од 100, швајцарската доминација се должи на комбинацијата од бројни Нобелови номинации, висок просечен IQ и значителен удел на образовани граѓани.

Според податоците, Швајцарија бележи 1.099 номинации за Нобелова награда, просечен IQ од 99,24 и 40,02% од возрасните имаат најмалку основен академски степен, додека 18,05% се магистрирани. „Првото место на Швајцарија покажува дека една мала земја може да постигне големи резултати кога се фокусира на квалитет, а не на квантитет“, коментира Холгер Синдбаек, основач на „Ворлд оф кард гејмс“.

Велика Британија се најде на второто место со вкупен резултат од 89,4, благодарение на 2.393 номинации за Нобелова награда и речиси 40% возрасни со факултетска диплома. САД заземаа третата позиција (89,18), предводени од најголемиот број Нобелови номинации – 5.717 – и универзитети со 256 добитници на ова престижно признание.

Европските земји доминираат на листата: Холандија (четврто место, IQ 100,74), Белгија (петто место, IQ 97,49), Шведска, Германија, Полска, Данска и Финска. Интересно е дека Финска бележи највисок просечен IQ – 101,20, додека Полска предничи по процент на население со магистратура, со 22,31%.

Анализата на „Ворлд оф кард гејмс“ ја комбинира бројката на Нобелови номинации, просечниот IQ и образовното ниво на населението, создавајќи единствен индекс за интелигенција на нациите. Иако ова не е академско истражување, резултатите нудат интересен поглед на глобалните разлики во образованието и научното влијание.

„Најуспешните држави инвестираат во повеќе области – од универзитети од светска класа до обезбедување можност за што поголем број луѓе да стекнат академски дипломи. Придобивките се повеќекратни“, додава Синдбаек.

Во основа, ова рангирање не треба да се сфати како конечна оцена на интелигенцијата на поединечните нации, туку како илустрација на тоа како образованието и научното истражување обликуваат паметни и способни општества.

Related Posts

Најскапата населба на светот е на брегот на Медитеранот: Квадрат чини 138.000 евра

07.09.2026

Симон Трпчески со спектакуларни настапи во Токио, публиката го враќаше петпати на бис

07.09.2026

ОН ја менуваат светската карта: Каде е Русија во големата промена?

07.09.2026

Дневен хороскоп за 7 септември: Ден на нови почетоци, важни вести и љубовни пресврти

07.09.2026
(ВИДЕО) Робот се обиде да ѝ ја украде чантата на баба – бегството заврши урнебесно

(ВИДЕО) Робот се обиде да ѝ ја украде чантата на баба – бегството заврши урнебесно

06.09.2026
(ВИДЕО) Го загуби џудо-мечот, па го нокаутира противникот со тупаници: Германски олимписки репрезентативец со скршена вилица

(ВИДЕО) Го загуби џудо-мечот, па го нокаутира противникот со тупаници: Германски олимписки репрезентативец со скршена вилица

06.09.2026

Препорачани Вести

Хаос во авион од Турција: Масовна тепачка заврши со итно слетување во Брисел

7 месеци ago

Платен убиец од Србија „падна“ во Скопје – подготвувал ликвидација во тактичка униформа

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Зеленски по историските разговори го потврди најцрното сценарио

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најскапата населба на светот е на брегот на Медитеранот: Квадрат чини 138.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗАБРАНА ЗА МОБИЛНИ ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАВА – Оваа Скопска општина започна иницијатива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (Фото) СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА ОВА ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ ШТО НИ ЈА ПРОМЕНИ ИСТОРИЈАТА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата останува на ниско ниво – во август изнесува 2,6% на годишно ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.