петок, август 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонското МНР со остра реакција до Софија: Непризнавањето на македонскиот јазик е спротивно на европските вредности“

by Redakcija
05.01.2026
in Македонија, Топ Вести
mnr

Македонското Министерство за надворешни работи остро одговори на изјавите од Софија, откако бугарското МНР јавно соопшти дека не го признава македонскиот јазик. Од Скопје порачаа дека вакви ставови се чекор назад и дека од земја-членка на Европската унија очекуваат однесување во духот на европските вредности, меѓу кои и целосно почитување на јазичниот и културниот идентитет на соседите.

Во реакцијата се нагласува дека Македонија и понатаму останува пример на европско ниво кога станува збор за заштитата и унапредувањето на правата на заедниците. Како што наведуваат од МНР, државата е препознаена од релевантни меѓународни институции по инклузивните политики и посветеноста на еднаквоста, и таа насока нема да се менува.

„Нашата определба е јасна – општество засновано на еднакви можности, инклузија и доследна примена на политики во интерес на сите граѓани“, порачуваат од Министерството.

Од таму потсетуваат и дека земјава строго се придржува до европските правила и принципот на напредување според заслуги во процесот на проширување на Европската унија. Како конкретен доказ го посочуваат Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на заедниците, кој е изработен на македонски и англиски јазик, со учество на домашни и странски експерти и во тесна соработка со Советот на Европа и Европската комисија.

Документот, според МНР, содржи прецизни мерки, јасни рокови и утврдени институционални надлежности и е целосно усогласен со највисоките европски и меѓународни стандарди. Процесот на негово креирање траел во повеќе фази од 2023 година, а финалната верзија интензивно се доработувала во втората половина од 2025 година.

Во текот на целиот процес, додаваат од Министерството, активно биле вклучени експерти од областа на меѓународното право, човековите и малцинските права, при што и Советот на Европа и Европската комисија оцениле дека планот ги опфаќа сите релевантни европски стандарди.

Со оваа реакција, македонското МНР испраќа јасна порака дека земјава нема да отстапи од европскиот пат, ниту од заштитата на својот јазик и идентитет.

Related Posts

ОФИЦИЈАЛНО – ДВЕ МАЛОЛЕТНИ И ЕДНО ПОЛНОЛЕТНО ЛИЦЕ загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија

28.08.2026

Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

28.08.2026

Коњановски со честитка за Голема Богородица: „Да останеме обединети во вербата и љубовта“

28.08.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 32,91 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

28.08.2026

Мицкоски од Осоговскиот манастир: Нашите свети места нè потсетуваат на вредностите што нè обединуваат

28.08.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,70 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

27.08.2026

Препорачани Вести

Инцидент во Тетово: Вработена во бутик пријавила физички напад

3 месеци ago

Тиквешијата „окупирана“ од измамници – Шест обиди за измами со лажни лекари

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Продолжуваат работите на водоводниот дефект во Тетово – санацијата се очекува до вечерва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ОФИЦИЈАЛНО – ДВЕ МАЛОЛЕТНИ И ЕДНО ПОЛНОЛЕТНО ЛИЦЕ загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Азески со амбасадори и бизнисмени во Дебар, испрати честитка по повод Денот на рударите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на водоводната мрежа, без вода дел од Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.