четврток, мај 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: СДСМ и ДУИ го контаминираа правосудството со измени на Кривичниот законик

by Redakcija
08.01.2026
in Македонија
mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на телевизија Алфа остро го критикуваше правосудниот систем, нагласувајќи дека тој е делумно „контаминиран“ од поранешната власт на СДСМ и ДУИ. Според него, најголемиот проблем лежи во тоа што поединци од претходната влада можат да се повикуваат на поповолни закони, создавајќи така правна основа за своја амнестија.

„Генерално, во правосудството има чесни луѓе, но еден мал дел, кој е контаминиран, го нарушува целиот систем. Тоа се партиски послушници – рецидиви на поранешната власт – кои се борат да обезбедат бенефиции и позиции за своите покровители“, изјави Мицкоски.

Тој посочи два клучни моменти кои, според него, ја ослабиле правдата во земјава. Првиот е изборот на судии во парламентот во 1996 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. Вториот е измената на Кривичниот законик од страна на владата на СДСМ и ДУИ непосредно пред да ја напушти власта. Мицкоски посочи дека особено значајно е бришењето на членот 353, што им овозможило на претходните власти да се амнестираат себеси.

„Првата причина беше да си обезбедат амнестија, а втората – да се обидат да амнестираат некого кој можеше да нанесе штета на најсилната опозициска партија тогаш, ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот дел успеаја, во вториот – не. Денеска ВМРО-ДПМНЕ е поголема од сите политички партии заедно“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека сите од поранешната влада секогаш ќе се повикуваат на „поповолниот“ закон, без оглед на идните законски измени. „Кога ќе дојдат на суд, ќе речат – се повикувам на законот кој важеше тогаш. И тука е најголемиот проблем“, заклучи Мицкоски.

Related Posts

Летото може да започне во километарска колона: Македонија бара изземање на новите биометриски контроли на грчката граница за време на летната сезона

ЕУ системот за влез/излез ќе ги погоди викенд патниците кон Грција, предупредува Туристичката Комора

07.05.2026
Сали: Иновациите и човечкиот капитал се клуч за економски напредок на државата

Сали: Иновациите и човечкиот капитал се клуч за економски напредок на државата

07.05.2026
Над 135.000 патници само во април поминале низ ГП „Блато“

Над 135.000 патници само во април поминале низ ГП „Блато“

07.05.2026
Мицкоски: „Дома се гради иднината, не со јакнење на странските економии“

Мицкоски: „Дома се гради иднината, не со јакнење на странските економии“

07.05.2026

Шилегов за Фокус: Со ваков обвинителен акт, случајот „Пулс“ нема да донесе брза правда

07.05.2026
МВР поднесе кривична пријава за 10 лица поврзани со истрагата за дрога пронајдена во Србија

Тошковски: Полициските службеници немаат право да ги препраќаат граѓаните од шалтер на шалтер

07.05.2026

Препорачани Вести

Гренланд во центарот на нова вербална војна меѓу Москва и Вашингтон

4 месеци ago
kina

Кина ги ограничува цените на горивата поради глобалниот раст на цената на нафтата

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Медведев: Германско приближување кон нуклеарно оружје би било безбедносна закана

    Медведев: Германско приближување кон нуклеарно оружје би било безбедносна закана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Ова е реакцијата на Стојанче кога слушна дека е осуден на 12 години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран: Американските маринци се „жртви на политичките амбиции“ на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ системот за влез/излез ќе ги погоди викенд патниците кон Грција, предупредува Туристичката Комора

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали: Иновациите и човечкиот капитал се клуч за економски напредок на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.