среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Пансионот „Ав ав хепи догс“ продолжува со работа, АХВ даде препораки за чистење и тестирање на милениците

by Redakcija
10.01.2026
in Скопје

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по вонреден инспекциски надзор во пансионот за кучиња „Ав ав хепи догс“ не утврди присуство на заразна болест, туку само издаде препораки за механичко чистење и темелна дезинфекција на објектот. Пансионот ќе остане затворен времено во период од 21 ден, колку што изнесува инкубацискиот период за сомнителната болест.

АХВ им препорача на сопствениците итно да ги преземат своите миленици и да ги тестираат доколку постои сомнеж за заразна болест. Од агенцијата истакнуваат дека законски немаат овластување да утврдуваат од што угинало кучето кое претходно било сместено во пансионот.

Досега ниту еден сопственик не пријавил болест кај своето куче по престојот во пансионот, иако јавноста беше алармирана со сведоштвото на Ана Пејковска, која објави дека нејзиното куче Мајло починало по престој во пансионот. По нејзините објави следеа и други сведоштва од сопственици и поранешна практикантка, кои изнесоа наводи за условите и односот кон животните. Пансионот, пак, негираше присуство на парвовирус и најави правни чекори против, како што велат, лажно информирање.

Од АХВ апелираат до сопствениците на кучиња да ги вакцинираат своите миленици, да ги тестираат при сомнеж за заразна болест и да се информираат исклучиво преку официјалните канали, додека целосната постапка не заврши.

Извор: Skopje1

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Со чистење домови во Скопје може да се заработат и 40.000 денари месечно: Дневниците достигнуваат 2.500 денари

18.11.2026

Утре без струја повеќе локации во Скопје и околината: Прекини до седум часа

17.11.2026

Утре без струја повеќе локации во Скопје и Илинден: Прекини до седум часа

16.11.2026

Утре без струја повеќе локации во Скопје и околината: Прекини до шест и пол часа

15.11.2026

Мицкоски: Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково е инвестиција во најмладите и во иднината на Македонија

14.11.2026

За само пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи: Полицијата со засилени контроли низ Македонија

12.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Лавров во Пекинг на разговори околу Украина и Блискиот Исток

ВИДЕО: Инцидент на прес-конференција на Лавров: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

6 месеци ago

Трамп најави историски договор со Иран, Техеран ја лади еуфоријата: „Не е сè договорено“

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај за рампите на патарините во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.