СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ч.Б. (35) од тетовско поради основано сомнение дека извршил кривично дело изнуда врз својата партнерка.
Според информациите од МВР, во текот на 2025 година осомничениот од 44-годишната жена барал пари, заканувајќи ѝ се дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина доколку не ги исполни неговите барања.
По спроведените полициски активности и целосно расчистување на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошната постапка.










