среда, март 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ЗНАМ: Пржинската техничка влада треба да се укине, поддржуваме една изборна единица и реформски закони

by Redakcija
14.01.2026
in Македонија

Координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски, по денешната лидерска средба изјави дека ставот на движењето е јасен – пржинската, техничката влада треба да се укине.

– Пржинската влада беше воведена како привремено решение во специфичен политички контекст со цел да се обезбедат фер и демократски избори во време на криза. Тие времиња се зад нас. По неколку успешни изборни циклуси се покажа дека државата има капацитет да организира фер избори, па затоа таа веќе ја отслужи својата цел – рече Карапејовски.

Тој ја оцени иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за одржување лидерска средба како одговорен државнички чин и доказ дека политичките актери ги ставаат во прв план интересите на државата.

Карапејовски нагласи дека ЗНАМ поддржува воведување на една изборна единица, која ќе овозможи поголема еднаквост на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Движењето ја истакнува и потребата за прецизно регулирање на финансирањето на политичките партии со цел поголема транспарентност.

– Истовремено, даваме силна поддршка на законите од реформската агенда. Се надеваме на политички консензус за нив, бидејќи стратешката цел на сите политички фактори треба да биде членството на Македонија во ЕУ. Особено го поддржуваме законот „Сејф Сити“, кој ќе спаси човечки животи – рече Карапејовски.

Во врска со изборот на народен правобранител, ЗНАМ смета дека функцијата мора да ја извршува висококвалификувано лице со долгогодишно искуство, а процесот на избор треба да се забрза.

На прашањето зошто лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, не присуствувал на средбата, Карапејовски објасни дека имал закажани обврски надвор од државата, но потенцира дека движењето учествувало координирано со својот лидер.

Related Posts

sobranie

Собранието денес одлучува за нови заменици-министри за одбрана и образование

04.03.2026
Сончево и стабилно време, максимални до 15°C

Сончево претпладне, попладне зголемена облачност, температури до 17 степени

04.03.2026

Важна вест за македонските граѓани кои се во Абу Даби: Пријавете се, се организира комерцијален лет за евакуација

03.03.2026
Претходни пријави за семејно насилство: МВР ја истражува вчерашната трагедија во Скопје

Претходни пријави за семејно насилство: МВР ја истражува вчерашната трагедија во Скопје

03.03.2026
sudija

Полициски службеници од Кочани обвинети за злоупотреба по пожарот во „Пулс“: Внесување неточни податоци и овозможување непречена работа на дискотеката

03.03.2026
Активно се разгледуваат алтернативни рути за евакуација на македонските граѓани на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатските претставништва во Израел и земјите на Блискиот Исток

03.03.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: Влатко Миладиноски заедно со Next Time ја кренаа публиката на нозе со „Ја излези Ѓурѓо“

1 месец ago

ТРАГЕДИЈА КАЈ КУЧЕВИШКА БАРА: Едно лице загина, а друго се бори за живот по судир на „Фиеста“ и „Голф“

2 недели ago

Популарни Вести

  • Полицијата удри по градежната мафија – Кривични за седум лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Франција ги зајакнува капацитетите во своите бази на Блискиот Исток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четворица скопјани приведени поради поседување дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месецов почнува летното сметање на времето – стрелките се поместуваат еден час нанапред

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 35-годишник од Словенија осомничен за фалсификување возачка дозвола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.