среда, септември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Авион на „Туркиш Ерлајнс“ итно приземјен во Барселона по дојава за бомба

by Redakcija
15.01.2026
in Свет
avion

Патнички авион на „Туркиш Ерлајнс“, кој сообраќал на линијата Истанбул–Барселона, денеска беше принуден на итно слетување на аеродромот Барселона–Ел Прат откако беше пријавена бомбашка закана за време на летот.

И покрај сериозноста на инцидентот, од шпанскиот аеродромски оператор АЕНА соопштија дека воздушниот сообраќај не бил прекинат и дека аеродромот функционирал нормално.

Според информациите на шпанската полиција, веднаш е отворена истрага, но засега не се соопштуваат дополнителни детали. Медиумите, повикувајќи се на извори од Ројтерс и турски портали, наведуваат дека авионот бил пренасочен од безбедносни причини откако еден од патниците наводно отворил безжична интернет-мрежа во авионот и во нејзиното име вметнал порака со закана за бомба.

Инцидентот се случил во завршната фаза од летот, додека авионот се приближувал кон Барселона, потврди директорот за комуникации на „Туркиш Ерлајнс“, Јахја Устун.

По безбедното приземјување, на терен веднаш биле активирани стандардните безбедносни протоколи. На снимки кои кружат на социјалните мрежи може да се види како полициски службеници, заедно со кучиња трагачи, детално го проверуваат багажот на патниците.

Од „Туркиш Ерлајнс“ нагласија дека сите постапки се спроведуваат во согласност со меѓународните безбедносни стандарди и дека случајот сè уште е во фаза на обработка од надлежните служби.

Related Posts

По првиот напад следел нов обид: Русите повторно го демнеле авионот на Зеленски

16.09.2026

Катар предупредува на нов глобален шок: Што ќе се случи ако Хутите го блокираат Баб ел-Мандеб?

15.09.2026

Руски генерал загинал во украински напад врз штаб во Доњецк?

15.09.2026

Канада тропна на вратата на ЕУ: Се бара статус каков што досега немало

15.09.2026

Русите се повлекуваат, Киев молчи за следниот чекор: „Вивалди“ е само почетокот

15.09.2026

ЕУ сака да им го ограничи интернетот на децата под 15 години

15.09.2026

Препорачани Вести

Втора серија експлозии го погоди Ерусалим

7 месеци ago

Меџити: Новото фудбалско игралиште на ФК Шкупи е инвестиција во младите и спортот

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Финансиската полиција во акција: Милиони префрлани преку фиктивна фактура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Со Европската недела на мобилност до побезбедна и попристапна Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стентон Градба дел од меѓународната конференција EUROCK 2026 во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 80 години Жито Лукс – традиција што се развива со генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хашим Тачи осуден на 25 години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.