понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Канада тропна на вратата на ЕУ: Се бара статус каков што досега немало

by Redakcija
15.09.2026
in Свет

Канада ја разгледува можноста за продлабочување на односите со Европската Унија преку добивање статус на „придружен член“, објавува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

Според информациите, канадскиот премиер Марк Карни сака да ги зајакне врските со европскиот блок, додека и во ЕУ постои отвореност за модел на поблиска соработка со Канада, без нејзино формално полноправно членство.

Разговорите се одвиваат во период на заладени односи меѓу Канада и САД. Трговските несогласувања со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја поттикнале Отава да бара нови пазари и стратешки партнери.

Канада и ЕУ веќе разговараат за олеснување на движењето на производи, услуги и работници во стратешки сектори. Меѓу областите во кои се разгледува продлабочена соработка се енергетиката, вештачката интелигенција, одбраната и критичните минерали.

На маса се и планови за подморски кабли, заеднички информациски центри, инфраструктура за складирање податоци во облак, нови сателитски мрежи и инфраструктура за испорака на канадска енергија кон европскиот пазар.

Карни, според информациите, разговарал и со повеќе европски лидери, меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, за можноста канадските граѓани полесно да живеат и работат во земјите од ЕУ, вклучително и преку олеснување на визното движење.

Карни и Макрон треба да се сретнат на 20 септември на Свети Петар и Микелон, француска територија во близина на канадскиот атлантски брег. Од Елисејската палата соопштија дека средбата ќе биде прва официјална посета на канадскиот премиер на островите.

Сепак, евентуалното создавање нов модел на партнерство меѓу Канада и ЕУ би можело да се соочи со бројни политички и правни предизвици.

Како пример се наведуваат и досегашните проблеми со целосната имплементација на трговскиот договор меѓу Канада и ЕУ. Иако договорот беше постигнат пред повеќе од една деценија и привремено стапи во сила во 2017 година, сè уште не е целосно ратификуван во сите земји членки.

Доколку разговорите продолжат, идејата за „придружно членство“ би можела да претставува сосема нов модел на соработка меѓу ЕУ и земја која не се наоѓа на европскиот континент.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

22.11.2026
ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

22.11.2026
Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

22.11.2026
ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

22.11.2026
ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

22.11.2026
Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нова закана за цените на храната: Пченицата поскапе над 6%

2 месеци ago

Сите државни патишта се проодни, екипите на „Македонија пат“ постојано се на терен

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со мерки за младите: Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кончар“ доби работа од 55 милиони евра во Германија: Ќе модернизира хидроелектрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.