Wednesday, January 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

МВР најавува мобилна апликација за увид и плаќање сообраќајни казни

by Redakcija
20.01.2026
in Македонија

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека МВР работи на проектот „Safe City“, кој ќе овозможи поедноставени и повеќекратни начини за плаќање на сообраќајните казни, како и дополнителни дигитални услуги за граѓаните.

Во гостување на телевизија Сител, Тошковски истакна дека системот на камери, покрај констатирањето на сообраќајните прекршоци, ќе може да се користи и како доказен материјал при откривање на други прекршоци и кривични дела, во рамките на законските надлежности на Министерството.

Граѓаните ќе можат да ги плаќаат казните преку банка, во која било полициска станица со платежна картичка, електронски преку апликациите на банките, а во иднина и преку посебна мобилна апликација од МВР. Апликацијата ќе овозможува целосен увид во изречените казни, како и известувања преку е-пошта и телефонски број, со сигурна автентикација на корисниците.

Тошковски најави дека апликацијата ќе биде надградена со дополнителни услуги од надлежност на МВР, вклучувајќи и можност за дигитално пријавување корупција и кривични дела, особено оние сторени од јавни функционери.

„Современите технологии овозможуваат побрз, поефикасен и потранспарентен пристап до услугите на институциите, со што граѓаните ќе можат полесно да ги остваруваат своите права и обврски“, истакна министерот.

Next Post

Родителите на судијата Ристов тврдат дека пронајдените 350.000 евра се нивни

Грипот се шири низ Македонија: Над 2.300 новозаразени, болниците полни

Препорачани Вести

Киев: Русија вечерва ќе тестира моќен проектил со домет поголем од 10.000 километри

Киев: Русија вечерва ќе тестира моќен проектил со домет поголем од 10.000 километри

8 months ago

Судбината на истрагата за трагедијата во Нови Сад неизвесна

4 months ago

Популарни Вести

  • ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА И НА „НИСКОГРАДБА“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќура му честиташе на Петар Чакарески за фаќањето на светиот крст во Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп најавува можност „Одборот за мир“ да ја замени ОН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грипот се шири низ Македонија: Над 2.300 новозаразени, болниците полни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на судијата Ристов тврдат дека пронајдените 350.000 евра се нивни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.