сабота, мај 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Руте и Трамп разговараа за Гренланд, но патот до договорот е сеуште долг

by Simovski
22.01.2026
in Свет
trump rute

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека и покрај постигнатиот напредок, останува „уште многу работа“ меѓу страните вклучени во дискусиите за контролата и безбедноста на Гренланд.

Во разговор со Фокс њуз, Руте откри дека на маргините на Светскиот економски форум во Давос, тој и американскиот претседател Доналд Трамп се согласиле дека Арктикот е критично важен регион кој мора да биде заштитен преку заеднички напори. „Разговорите беа конструктивни и резултираа со добар исход, но секако има уште многу што треба да се направи“, рече тој.

Според него, САД ќе продолжат дијалог со Данска и со Гренланд, со посебен акцент на спречување на Русија и Кина да добијат економски или стратешки придобивки од регионот. НАТО, додаде тој, ќе разгледува начини како колективно да ја зајакне безбедноста на Арктикот, вклучувајќи копнени, поморски и воздушни мерки. „Гренланд е важен дел од светот и од територијата на НАТО, и тоа го земаме многу сериозно“, подвлече Руте.

На прашањето дали предложената рамка за можен договор, која претходно ја најави Трамп, го предвидува статусот на Гренланд како дански автономен остров, Руте одговори дека тоа прашање не било дел од неговите последни разговори. „Фокусот беше исклучиво на заштитата на регионот“, рече тој.

Претседателот Трамп, пак, изјави дека од средбата со Руте произлегла рамка за идент договор за Гренланд и за Арктикот воопшто. Американскиот лидер истовремено ја повлече заканата за воведување казнени царини за европските земји кои ја поддржуваат Данска, нешто што само пред неколку дена го најави како можност.

Related Posts

Трамп објави шокантни НЛО снимки: Американски Ф-16 собори мистериозен летечки објект

23.05.2026

Путин ги активира нуклеарните сили: Русија префрли оружје во Белорусија

23.05.2026
Прв европски случај на птичји грип: Момче во Италија заразено по враќање од Африка

Опасен вирус повторно се шири во Германија: Лекарите предупредуваат на тешки последици

23.05.2026
zelenski

Зеленски го одби германскиот предлог: Украина не сака членство без право на глас

23.05.2026

Русија тргна по Каспаров: Распишана меѓународна потерница по славниот шахист

23.05.2026

Сакате да работите во НАТО? Објавен повик за млади професионалци

23.05.2026

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Украински дрон уништи руски војник камуфлиран во оклоп од пингвин

4 месеци ago

Божиновска: Градиме енергетски систем што нуди стабилност, доверба и одржливост

3 недели ago

Популарни Вести

  • Димитровски: Во Битола мора да има и инфраструктура и култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп објави шокантни НЛО снимки: Американски Ф-16 собори мистериозен летечки објект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин ги активира нуклеарните сили: Русија префрли оружје во Белорусија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Опасен вирус повторно се шири во Германија: Лекарите предупредуваат на тешки последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 12 годишно дете тешко повредено откако го удрил електричен тротинет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.