Thursday, January 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Матичните изводи и здравствените потврди отсега целосно онлајн

by Simovski
22.01.2026
in Македонија
Матичните изводи и здравствените потврди отсега целосно онлајн

Граѓаните од денес добиваат уште една конкретна олеснителна мерка во секојдневното функционирање со институциите: изводите од матичните книги и потврдата за слободна брачна состојба повеќе не бараат ниту чекање, ниту одење на шалтер. Сè се завршува онлајн.

Управата за водење матични книги целосно ги префрли своите услуги на националниот портал uslugi.gov.mk, со што изводите од матичната книга на родени, венчани и умрени, како и потврдата за слободна брачна состојба, стануваат целосно дигитални и достапни со неколку клика.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, порача дека ова е уште еден чекор кон побрза, поефикасна и потранспарентна администрација. Според него, дигитализацијата не само што им заштедува време на граѓаните, туку овозможува и подобар надзор врз работата и динамиката на издавање на документите од страна на надлежните институции.

Новите дигитални решенија беа промовирани денес заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, при што беа претставени уште четири електронски услуги што се однесуваат на здравственото осигурување.

За првпат, правните лица добиваат можност целосно електронски да поднесат барање и да добијат потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување – услуга која е достапна во секое време, без административни бариери.

Во исто време, физичките лица преку порталот можат да извадат потврда за пријави и одјави во задолжителното здравствено осигурување, потврда за статус на осигурено или неосигурено лице и платен придонес, како и потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа.

Next Post
Државата троши повеќе за затворска храна отколку за студентски оброци: 77 милиони за затворениците, 22 за студентите

Државата троши повеќе за затворска храна отколку за студентски оброци: 77 милиони за затворениците, 22 за студентите

Македонија со четири свои претставници на зимските олимписки игри во Италија

Македонија со четири свои претставници на зимските олимписки игри во Италија

Препорачани Вести

Пожар зафати куќа во Скопје – Младо момче спасено и пренесено во болница

1 month ago
Мајка и ќерка се степале пред ресторан во Кавадарци

Возач нападнат во Скопје – хулигани со „голф“ го нападнале и му го уништиле автомобилот!

4 months ago

Популарни Вести

  • Напад на нафтен терминал во Русија: Има загинати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Тетовчанец – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германскиот канцелар: Европа изгуби огромен потенцијал поради пререгулација и слаб раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со закани по живот изнудувале пари: кривична пријава против три лица од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Теарце одбележани 25 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.