Тројца малолетници од Дебар се осомничени дека одзеле автомобил од автоплац во градот. ОВР Дебар доставило посебен извештај до Основното јавно обвинителство Кичево поради сомнение за кривичното дело „кражба“.
Според полицискиот билтен, настанот се случил на 19 октомври на улицата „Јусуф Грвала“. Од автоплацот бил одземен „форд фиеста“ со дебарски регистарски ознаки, сопственост на А.Г. (37) од Дебар.
Возилото било оставено незаклучено, со клучот на бравата.

По преземените мерки, малолетниците биле повикани на службени разговори во ОВР Дебар, во присуство на нивните родители и претставници на Центарот за социјални работи Дебар.
…











