среда, јули 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Државата троши повеќе за затворска храна отколку за студентски оброци: 77 милиони за затворениците, 22 за студентите

by Redakcija
22.01.2026
in Македонија
Државата троши повеќе за затворска храна отколку за студентски оброци: 77 милиони за затворениците, 22 за студентите

Државата троши значително повеќе за исхрана на затворениците отколку за оброците на студентите, покажуваат податоците од системот за јавни набавки.

Казнено-поправната установа „Идризово“ за една година ќе потроши околу 77 милиони денари за храна за нешто повеќе од 2.400 затвореници. Во оваа сума се вклучени месо и месни преработки, риба, овошје и зеленчук, јајца, зачини, како и млеко и млечни производи. Дополнително, надвор од овој договор се склучуваат посебни набавки за нафтени деривати, јаглен и вода за пиење.

Од другата страна се студентите. Државниот студентски дом – Скопје за исхрана на студентите издвојува 22 милиони денари, и тоа за период од осум месеци. Сумата е речиси трипати помала од таа што се троши за затворениците, иако студентите се побројни и станува збор за млади луѓе кои треба да го градат својот образовен и професионален пат.

Фактот дека затворениците мора да бидат згрижени и обезбедени со основни услови за живот не е спорен. Но, разликата во средствата што државата ги издвојува за нивната исхрана, во споредба со студентскиот стандард, отвора сериозни прашања за приоритетите на институциите.

Во изминатиот период, социјалните мрежи беа преплавени со сведоштва од студенти: фотографии од храна со мувла, мали и недоволни оброци, запуштени и нереновирани студентски домови, расипани лифтови и простории без греење. Наместо безгрижни студентски денови, дел од младите се соочуваат со услови што едвај ги задоволуваат основните потреби.

Related Posts

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден

08.07.2026

Во опасност сте? Новата апликација ќе испраќа локација, видео и ќе овозможи тивок повик до 112

08.07.2026

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

08.07.2026

AI во HR повеќе не е иднина туку нов стандард за паметно вработување

07.07.2026

Николоски: Започнува најкрупната реформа – нов едношалтерски систем за побрз увоз, извоз и транзит

08.07.2026

Мицкоски: Јовица Илиевски ќе остане запаметен по својата чесност, посветеност и љубов кон Брвеница

07.07.2026

Препорачани Вести

МВР го фати возачот кој леташе со 293 км/ч на автопат

6 месеци ago

Хоџа: 200 милиони денари за инфраструктура во Арачиново

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Лекар предупредува на „најопасната навика“ што многумина ја сметаат за безопасна: Тивко го нарушува здравјето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За време на големите горештини задолжително исклучете ги овие пет уреди од струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражувачите пронајдоа целосно нов и непознат јазик под урнатините на древно царство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична за 4 деца и пет родители -МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тело на маж извлечено од Пчиња, ќе се врши обдукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.