вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Не купувајте стан во градба пред да добие употребна дозвола, измамени има многу

by Redakcija
23.01.2026
in Економија

Деновиве по социјалните мрежи се вртат неколку случаи во кои граѓаните се жалат дека уплатиле стан во градба но, и по неколку години потоа, или не можат да се вселат бидејќи објектот не е довршен согласно договорот, или се вселуваат на свој ризик иако за објектот се уште нема употребна дозвола и нивниот имот не може да се запише во катастар.

Пред Нова година токму на ваквите ризици предупредуваше министерот за транспорт Александар Николсоки:

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат започнатиот објект. 

–Сакам да дадам едно предвидување, мислам дека не е добро, но ред е да го кажам за да внимаваат оние што инвестираат, односно купуваат. 

Би ги советувал да купуваат готови, односно изградени станови кои можат да ги видат, кои се пред нив физички, со важечки имотен лист, во згради кои имаат употребна дозвола затоа што има шпекулација на пазарот и ми е страв дека таа шепекулација може во еден момент да пукне, односно да ни се случи да има инвеститори кои не можат да ги износат проектите кои ги почнале. Мислам дека е фер ова да го кажам, вели Николоски. 

Според него, власта не може ништо да направи по ова прашање бидејќи, како што истакна, локацијата за градба е на инвеститорот, има соодветен ДУП, платил комуналии, гради со важечка дозвола…

–Но, доколку нема средства да го заврши објектот може да настане проблем доколку граѓани купуваат станови кои не се изградени, кои физички не можат да ги видат, рече министерот за транспорт.

Според него, постои тенденција на пораст на цена на метар квадратен станбен простор пред се во неколку урбани центри, и тоа, како што вели, се користи шпекулативно, бидејќи пазарот тоа го дозволува. 

–Имено се работи за тенденција на поскапување која се случува во неколку урбани центри во државата, како урбаното јадро на Градот Скопје и на неколку други урбани јадра, пред се тука би сакал да го споменам Тетово, Штип, до некаде Струмица и Охрид во оној дел кој е повеќе поврзан со туризмот. Имаме една друга тенденција во која имотите обезвреднуваат во остатокот на државата што не носи продолжување кон лоши трендови кои траат со децении, односно се централизира државата или функционираат неколку поголеми јадра, а остатокот се празни. Имаме внатрешна миграција која оди град село и која оди од субурбани во урабaни средини и факт е дека тоа се случува. 

Дали тоа се користи шпекулативно, да, се користи затоа што тоа пазарот го дозволува, рече Николоски во одговор на пратеничко прашање за тоа дали се преземаат мерки за ублажување на поскапувањето на цените на станбениот квадрат.

Што и да се преземе, според Николоски, не може да се очекува дека било која мерка би донела до пониска цена на квадрат на становите, тоа е невозможно.

Но, како што нагласи, она што може да се преземе е да се ослободат младите од комуналии за изградба на куќи, да им се даде поевтино земјиште, нешто што веќе го прават повеќе општини, како и да се градат социјални станови за најранливите категории.

Дополнително, истакна тој Собранието веќе разгледувало данокот на прв промет на стан да остане 5 отсто, што , како што истакна, колку толку ќе ја реалаксира цената, затоа што ако се зголемел на 18 проценти дополнително ќе влијаело на апсолутната вредност на становите. Свесно, нагласи Николоски, се откажуваме од дополнителен приход за колку толку да се влијае на намалувањето на порастот на цените.

Извор: Вечер.мк

Related Posts

Ормус повторно се полни со танкери: Нафтата тече низ стратешкиот теснец

29.09.2026

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 1,06 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

29.09.2026

Динитриеска-Кочоска: Со поддршка од САД ги унапредуваме даночниот и царинскиот систем

29.09.2026

МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност

29.09.2026

ЕУ попушта за бензинците и дизелашите, но се појави непријатен детал околу одлуката

29.09.2026

Во услови на енергетска криза: Македонија со најниска цена на дизелот во регионот и пошироко

29.09.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: Експлозија на плинска боца во куќа – сопствениците за влакно избегнаа трагедија!

3 месеци ago

Светот стравува од недостиг на гориво – Нови закани за глобалниот пазар на нафта

2 недели ago

Популарни Вести

  • ДО ОВОЈ ДАТУМ УЖИВАЈТЕ ВО УБАВА ЕСЕН, а потоа се очекуваат вакви промени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата апсеше на разлипни локации – Лишени од слобода 10 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија кај Струмица: Маж загина откако со „форд“ излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мотоциклист и сопатник тешко повредени во судир со „голф“ кај Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Планирани прекини на струјата во Брвеница, Теарце и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.