четврток, септември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ОВА СЕ КАЗНИТЕ ОД КАМЕРИТЕ НА “СЕЈФ СИТИ“

by Redakcija
24.01.2026
in Македонија

Со стапувањето во сила на системот „Сејф сити“, камерите автоматски ќе санкционираат четири конкретни сообраќајни прекршоци, за кои се утврдени јасни и фиксни казни, согласно Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

1. Пречекорување на дозволената брзина

За пречекорување на брзината, казните зависат од тоа за колку километри на час е надмината дозволената граница:

– до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во денарска противвредност

– од 20 до 30 km/h: 45 евра

– од 30 до 50 km/h: 300 евра, и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци

– над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување најмалку 12 месеци

Во населено место, казните се построги и може да достигнат и 500 евра, со задолжителна забрана за управување.

2. Минување на црвено светло

За минување на црвено светло, системот автоматски изрекува:

– 250 евра парична казна

– забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци

Доколку прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода, следува и кривична одговорност.

3. Истечена важност на сообраќајна дозвола/регистрација

За управување со возило со истечена сообраќајна дозвола:

– 100 евра казна за возачот

– 250 евра казна за сопственикот на возилото, доколку е друго лице

Овој прекршок се регистрира автоматски преку поврзување на системот со регистрите на МВР.

4. Непрописно запирање и паркирање

За непрописно паркирање или запирање на забрането место:

– 30 евра казна за стандардни прекршоци

– 45 евра казна доколку возилото го попречува сообраќајот

– 50 евра ако е паркирано на место за лица со попреченост

Во случаи каде што возилото претставува ризик, следува и подигнување со пајак-служба, со дополнителни трошоци.

„Попуст“ за навремено плаќање

Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа 50 проценти од износот. По истекот на рокот, казната се наплатува во целост, со можност за присилна наплата.

Автоматска забрана и одземање дозвола

Возач кој ќе добие три забрани за управување во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано по една година.

Со почетокот на примената на системот „Сејф сити“ од 1 февруари 2026 година, во Македонија стапува на сила нов, значително построг начин на санкционирање на сообраќајните прекршоци. Наместо класични полициски контроли, казните ќе се изрекуваат автоматски, врз основа на видео и електронски докази собрани преку камерите и сензорите на системот „Безбеден град“. 

Promotion

Related Posts

Нова можност за станарите: До 2027 година ќе можат да побараат откуп на становите

10.09.2026

Успешниот домашен модел ја зацврстува регионалната експертиза: ЕОС Матрих ги проширува своите активности во Косово

10.09.2026

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

10.09.2026

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

10.09.2026

Следува голема промена на времето во Македонија – УХМР соопшти од кога

10.09.2026

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

10.09.2026

Препорачани Вести

Димитриеска-Кочоска: Започна подготовката на ребалансот на Буџетот за 2026 година

4 месеци ago

AfD сака Германија да го напушти еврото и Шенген: Вајдел најави големи промени

2 недели ago

Популарни Вести

  • Нов ценовен шок: Нафтата нагло поскапе по ескалацијата на Блискиот Исток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обвинителството во Хаг побара шестгодишна затворска казна за Хашим Тачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пред малку е уапсен заменик директор во Македонија – фатен е на дело откако побарал мито од 15.000 евра, ова е неговиот идентитет!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се претставувал како полицаец и запирал возачи со џип: Им земал пари под изговор дека направиле кривично дело

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пустелијата станува технолошки центар – инвестиции од милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.