четврток, мај 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

by Redakcija
26.01.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски учествува на Самитот на мрежата на балкански градови (B40) во Загреб. Самитот се одржува под мотото „Градовите како двигатели на одржливиот развој“ и е посветен на теми поврзани со урбаниот развој и регионалната соработка.

Во рамки на Самитот, Проданоски ги претставува приоритетите на Општина Прилеп, со фокус на три области: воведување паметни решенија за подобрување на квалитетот на живот, економско поврзување на локалните бизниси со регионот и дигитализација на општинската администрација.

Овие теми се дел и од официјалната агенда на Самитот, кој вклучува панели за зелена транзиција, паметни и отпорни градови. На настанот учествуваат претставници и градоначалници од повеќе балкански градови, меѓу кои Загреб, Софија и Солун.

Градоначалникот учествува и во дискусии посветени на урбано лидерство и енергетска трансформација, при што се разменуваат искуства и практики меѓу локалните самоуправи.

Мрежата на балкански градови B40 претставува една од најзначајните платформи за регионална соработка меѓу локалните самоуправи во Југоисточна Европа. Таа овозможува размена на знаења, добри практики и заеднички иницијативи во областа на одржливиот урбан развој, дигиталната трансформација и економската соработка, со што градовите добиваат посилна улога во креирањето развојни политики и пристап до меѓународни партнерства и проекти.

Во рамки на програмата се одржуваат и билатерални средби, како и разговори со претставници на мрежата ЕУРОСИТИС, насочени кон соработка и поддршка на идни развојни проекти. Учеството на Самитот во Загреб е дел од меѓународните активности на Општина Прилеп.

Related Posts

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Голем дел од Тетово и Тетовско утре без струја

20.05.2026

Муцунски со амбасадорите на ЕУ: Фокус на реформите и евроинтеграциите

20.05.2026

Проданоски: Инвестирањето во младите е најважната инвестиција за иднината на Прилеп

20.05.2026

Коњановски: Студентите се важен дел од развојот на локалната самоуправа

20.05.2026

Проданоски им оддаде признание на прилепските пожарникари

20.05.2026

Коњановски: Преку регионални проекти и модерна опрема ја зголемуваме безбедноста од пожари

20.05.2026

Препорачани Вести

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

1 месец ago

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен и во добра кондиција, обврските се сервисираат навремено и одговорно

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Кривична пријава за двајца скопски полицајци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Израел бара решение против новото оружје на Хезболах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Тревога во Литванија: НАТО крена борбени авиони, државниот врв евакуиран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија подготвува нова офанзива кон Киев, можно мобилизирање на 100.000 војници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две скопски населби утре без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.