петок, јули 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Родителите да внимаваат – Опасен производ за доенчиња на пазарот во Македонија 

by Redakcija
27.01.2026
in Македонија

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено  е маслото ARA.

Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарт во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.

Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле.

Во однос на  повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку  Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата.

Извор: ТВ21

Related Posts

Мицкоски: До ЕУ доставивме документ со целосно исполнети обврски, реформите продолжуваат

17.07.2026

ВЛЕН: Официјален документ од Србија ја побива пропагандата на ДУИ за „српскиот свет“

17.07.2026

Андоновски: Почнува изградбата на Национален дата центар – темел на дигиталната Македонија

16.07.2026

Божиновска за Портрет: „Успехот зависи од тоа колку сме подготвени постојано да учиме“

16.07.2026

Муцунски во Вашингтон: На покана од Рубио учествува на министерска конференција

16.07.2026

ВЛЕН: ЕУ истражува каде завршиле 9 милиони евра за канализацијата во Зајас

16.07.2026

Препорачани Вести

Јапонија – земјата на снегот: Снежни наноси повисоки од куќи

6 месеци ago

Вработена во Тетовско нападната, скршено стакло во обложувалница

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Меџити со Или Лимани во посета на Универзитетот „Мајка Тереза“: Вложувањето во образованието е инвестиција во иднината на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: До ЕУ доставивме документ со целосно исполнети обврски, реформите продолжуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција ја пушта во употреба стратешката автопатска врска Е65 – ќе поврзе три клучни пристаништа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против претседателка на комисија во Министерството за здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.