сабота, ноември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

by Redakcija
09.11.2026
in Македонија, Топ Вести

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката.

Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“.

„Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи.

Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри.

„Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска.

Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонија пат: Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

28.11.2026

Сибирски студ доаѓа во Македонија: Следната недела температурите ќе паднат до минус 18 степени

28.11.2026

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

28.11.2026

Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

28.11.2026

Тоневски: Пробиштип ги укинува комуналиите за прв дом за млади брачни парови и ја зголемува помошта за трето дете

28.11.2026

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

28.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Голем дел од Тетово вечерва без струја: Граѓаните оставени без греење, меѓу нив и семејства со мали деца

4 дена ago

Младата Месечина носи пресврти – на овие знаци им се менува животот на 14 јуни!

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Научниците открија нешто неочекувано во најдлабокиот дел од океанот: Мистерија на Земјата стара милиони години добива ново објаснување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сè повеќе луѓе пијат вода со мед пред спиење: Тврдат дека прави чуда, но што велат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на телевизорот закачен на ѕид: Нов тренд ги освојува домовите и целосно го менува изгледот на дневната соба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија пат: Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сибирски студ доаѓа во Македонија: Следната недела температурите ќе паднат до минус 18 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.