понеделник, мај 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Вишиот суд во Белград го отвора одново случајот на Владимир и Милјана Кецмановиќ

by Simovski
29.01.2026
in Балкан
policija

Речиси две години по злосторството што засекогаш ја обележа Србија, случајот „Рибникар“ повторно се враќа во судницата. Денес, пред Вишиот суд во Белград, одново започнува судскиот процес против Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на малолетникот К.К, кој на 3 мај 2023 година во училиште уби десет лица и рани уште шестмина.

На денешното рочиште, двајцата обвинети првпат во повторената постапка ќе се изјаснат дали се чувствуваат виновни. Во претходниот процес, кој се одвиваше зад затворени врати, тие ја отфрлија одговорноста.

Повторувањето на судењето следи откако Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда со која таткото беше осуден на 14 и пол години затвор, а мајката на три години, оценувајќи дека постапката мора да се спроведе повторно. Со таа одлука, правдата повторно се врати на почеток, а очекувањата на јавноста се уште поголеми.

Обвинителството, пак, не ја крие намерата: бара максимални казни. Главниот јавен обвинител Ненад Стефановиќ веќе порача дека доказите, според нив, недвосмислено упатуваат на сериозна одговорност на родителите и дека ќе инсистираат на најстрога судска одлука.

Покрај кривичниот процес, семејствата на убиените и ранетите поведоа и низа граѓански постапки против Кецмановиќ, кои во прв степен веќе се завршени, но ја продлабочија правната и моралната тежина на случајот.

Самото злосторство, кое ја шокираше земјата, го изврши К.К кој тогаш немаше наполнети 14 години и поради тоа не може кривично да одговара. Два дена пред нападот, тој дошол до оружјето на својот татко, а наутро на 3 мај го внел во училиште. За време на првиот час, со огнено оружје уби девет ученици и училишен чувар, а тешко рани уште неколку деца и наставничка.

Related Posts

(ФОТО) СТРАВИЧНИ СЦЕНИ ВО БЕЛГРАД: Трамвај излета од шините и удри во зграда – има повредени, сообраќајот во хаос

25.05.2026

(ВИДЕО) ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Полицијата со солзавец упадна во седиштето на опозицијата, избувнаа судири по улиците на Анкара

24.05.2026

Македонското друштво „Илинден“-Тирана со честитка за 24 Мај: Делото на Кирил и Методиј живее вечно

24.05.2026

Драматични сцени во Бугарија: Поплави носат сè пред себе, евакуации во повеќе градови

23.05.2026

ВИДЕО: Матуранти ја изненадија класната со автомобил, не можеше да ги сокрие солзите

23.05.2026

Поплави ја зафатија Бугарија, критична состојба во Велико Трново и Габрово

23.05.2026

Препорачани Вести

Македонец во дресот на Канада ќе дебитира на ЗОИ во боб четворосед

3 месеци ago

Коњановски: Уреден просторот зад зградата на битолската полиција, следуваат нови проекти низ градот (ВИДЕО)

2 недели ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) По четири години чекање – Краков експлодираше од радост: Илјадници навивачи ја славеа историската промоција на Висла!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Бутел и Центар утре ќе останат без струја: ЕВН со најави за планирани прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТРАМП ПОСТАВИ УСЛОВ: Американската блокада во Ормускиот Теснец останува сè до договор со Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ БЛЕСНА ВО МЛС: Милан Илоски му даде хет-трик на тимот на Меси и Суарез во спектакл со 10 гола!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КОНЕЧНО СТИГНА ЛЕТО: Македонија влегува во топол бран – температурите над 30 степени се враќаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.