недела, септември 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

НЛБ Банка Скопје со силни финансиски резултати за 2025 година

by Redakcija
30.01.2026
in Економија

Раст, иновации, стратешка трансформација и лидерство

Скопје, 30.01.2026 – НЛБ Банка успешно ја заврши 2025 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година. Работејќи согласно усвоениот план и стратешките иницијативи од „Стратегијата 2030“, во услови на променливо макроекономско опкружување на домашниот и меѓународните пазари, НЛБ Банка покажа посветеност кон иновации и трансформација и забележа раст во сите сегменти од деловното работење.

Финансиски индикатори

Како резултат на успешното спроведување на активностите и високо прудентното управување со ризиците и кредитното портфолио на Банката, НЛБ Банка оствари нето добивка по оданочување од 4.879.441 илјади МКД. Вкупната актива на Банката достигна 156.931.074 илјади МКД и бележи годишен раст од 19,6%. Кредитите кај небанкарскиот сектор достигнаа 102.554.659 илјади МКД, што претставува значително зголемување од 21,9% на годишно ниво. Зголемување на кредитната активност ја истакнува растечката улога на Банката во поддршката на бизнисите и населението и придонесот во економијата. Вкупните депозити на Банката изнесуваат 121.709.074 илјади МКД и истите бележат зголемување за 13,8% споредено со претходната година. Растот на депозитите е поттикнат од зголемениот обем на депозити по видување и орочени депозити од домаќинства, зголемувањето на депозитите од корпоративни клиенти, како и од зголемувањето на бројот на иматели на сметки и приматели на пензии во Банката.

Во 2025, НЛБ Банка постигна значајна пресвртница, достигнувајќи доминантен пазарен удел кај кредитите за население и остварувајќи една од клучните стратешки цели на Банката.

Иновации и дигитализација

За НЛБ Банка, 2025 е година на револуционерни иновации што го редефинираа банкарскиот сектор во земјата. Со реализирани 38 трансформативни проекти во различни деловни области, минатата година за НЛБ Банка означи не само напредок, туку и значајно приближување кон остварување на амбициозната „Стратегија 2030“. Со лансирање на услугата Apple Pay, платформите „Digital fisrt“ и „Mobile first“ – сеопфатна дигитална интеграција на сите банкарски услуги во динамичната банкарска апликација НЛБ мКлик, како и овозможувањето услуги во европскиот систем за плаќање SEPA, Банката им овозможи на своите клиенти беспрекорно, безбедно и иновативно финансиско искуство.

Истовремено, НЛБ Банка успешно ја заврши првата фаза од модернизацијата и трансформацијата на деловната мрежа, подготвувајќи ги своите експозитури за иднината. Новиот деловен модел на експозитурите на Банката го редефинира искуството на клиентите и ги преобликува овие објекти од места за извршување на рутински банкарски активности во центри за поддршка и консалтинг, и продажба на интегрирани финансиски решенија.

Јубилејна година со осврт на социо-економскиот придонес

Во 2025, НЛБ Банка одбележа значаен јубилеј, 40 години од своето основање. Институцијата која во далечната 1985 година започна како мала финансиска организација, денес е една од трите водечки банки во македонскиот банкарски сектор која поставува стандарди во дигиталното банкарство, корпоративното управување и одржливото финансирање. Во јубилејната година НЛБ Банка, со техничка поддршка од Прајсватерхаускуперс Ревизија Скопје, ја издаде првата Студија за социо-економско влијание направена за една банка во Република С. Македонија, која го квантификува директниот, индиректниот и индуцираниот ефект од работењето на Банката. Согласно наодите во студијата, засновани на податоци од 2024 година: ,,НЛБ Банка креира над 675 милиони евра додадена вредност директно преку своите активности, како и преку кредитите и синџирот на добавувачи, што претставува значителни 4,3% од БДП на земјата. Банката придонесува со 211 милиони евра во даноци и социјални придонеси, што е околу 4% од вкупните јавни приходи. Директно вработува 970 луѓе и активно поддржува над 23.400 работни места“.

Признание за извонредност

Кон крајот на годината, на престижната церемонија на финансискиот магазин „The Banker“ во Лондон, НЛБ Банка по дванаесетти пат, ја понесе титулата „Банка на годината“. Ова признание ја потврдува континуираната посветеност на Банката кон извонредност, иновации и услуга на клиентите во банкарскиот сектор. Наградата претставува репер за квалитет и достигнувања во глобалната банкарска индустрија – признание за водечките банки ширум светот кои покажале исклучителни перформанси и лидерство на нивните пазари во насока на стратешки иницијативи, технолошки иновации, програми за одржливост и услуга за клиентите.

Агенда 2026: Дигититална трансформација и одржливо работење

НЛБ Банка ќе продолжи да ја зајакнува својата позиција како водечки иноватор во банкарскиот сектор, со јасен фокус на дигитализација и унапредување на корисничкото искуство преку современи дигитални канали и Контакт-центарот. Во рамки на „Стратегијата 2030“, Банката ќе реализира клучни иницијативи поврзани со дигитално вклучување на правните лица, дигитални платформи за кредитирање на МСП и микро клиенти, нов портал за трговци, инстант плаќања, надградба на Контакт-центарот и имплементација на вештачка интелигенција.

Во 2026 година продолжуваат и активностите за модернизација на деловната мрежа, развој на луѓе и таленти, како и инвестициите во заедницата преку поддршка на спортот, културата и образованието. Банката останува силно посветена и на одржливото финансирање, преку поддршка на „зелени кредити“ и доследна примена на ESG принципите, со цел долгорочно позитивно влијание врз заедницата.

Related Posts

Мицкоски најави намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти

Мицкоски најави намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти

13.09.2026

TESSA Energy ја модернизира поранешната Топлана Скопје Север: Нова инвестиција во домашното производство на електрична и топлинска енергија

12.09.2026

БОЖИНОВСКА ЗА „ТЕССА Енерџи“: СЕКОЈ НОВ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТ ЈА ЗАЈАКНУВА СИГУРНОСТА И СТАБИЛНОСТА НА ДРЖАВАТА

13.09.2026

МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

12.09.2026

УЈП објави нова листа – Еве кој им должи на државата

12.09.2026

GREEN MACHINES ГО ЗАЈАКНУВА ПРИСУСТВОТО НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР – GM720ze И GM500Zze ПРЕТСТАВЕНИ НА САЕМ ВО ХЈУСТОН

12.09.2026

Препорачани Вести

Снег до 50 см и повеќечасовни прекини на струја во Голо Брдо по обилните врнежи

8 месеци ago

Митрополит Георги: Плаошник да стане повторно духовно срце на Македонија

5 месеци ago

Популарни Вести

  • „Безбеден град“ стартуваше во Повардарието: 151 прекршок за 36 часа, најмногу за брзо возење

    „Безбеден град“ стартуваше во Повардарието: 151 прекршок за 36 часа, најмногу за брзо возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Добри вести од ЈКП „Шар“ – Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршува тригодишниот процес во Хаг: На 16 септември пресуда за Хашим Тачи и поранешниот врв на ОВК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи, a потврдата на кредитниот рејтинг е силен сигнал да продолжиме по истиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.