среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Проф. д-р Глигор Тофоски во финалето за 12. Меѓународни Медис Награди

by Simovski
03.02.2026
in Македонија
Проф. д-р Глигор Тофоски во финалето за 12. Меѓународни Медис Награди

Во силна конкуренција од 243 научноистражувачки трудови поднесени од 11 земји, проф. д-р Глигор Тофоски од Северна Македонија е еден од двајцата финалисти во областа на гинекологијата на 12-тите Меѓународни Медис награди за медицински истражувања. Неговиот труд „Онколошки исход и бременост по третман за зачувување на фертилитетот со медроксипрогестерон ацетат кај жени со премалигни и малигни ендометријални лезии“ беше објавен во престижното списание European Journal of Surgical Oncology и ја анализира ефикасноста и безбедноста на високодозен медроксипрогестерон кај девет млади жени со рана фаза на ендометријален карцином и премалигни лезии.

„Со внимателна селекција на пациентките и строго следење, можеме да понудиме онколошки безбедна терапија која истовремено им дава надеж за мајчинство. Чест ми е што трудот е меѓу финалистите, што е силен поттик за продолжување на научната работа која директно им помага на пациентките“, изјави проф. д-р Тофоски, раководител на Одделот за инфертилитет и асистирана репродукција при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Од вкупно 243 поднесени трудови, 196 ги исполнија строгите критериуми и беа номинирани. По детална евалуација, Комисијата избра 18 финалисти, по двајца од секоја од деветте медицински области. Финалистите доаѓаат од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Србија, Словачка и Словенија. Право на учество имаат лекари и фармацевти кои објавиле трудови во научни списанија со импакт-фактор повисок од 1,500.

Покрај гинекологијата, финалистите се:

  • Дерматологија: Јелена Петковиќ Дабиќ (БиХ) и Терезија Томова (Чешка)
  • Интензивна медицина и анестезиологија: Хелена Остовиќ и Влатка Сотошек (Хрватска)
  • Неврологија: Берислав Рушка (Хрватска) и Гертруд Тамаш (Унгарија)
  • Офталмологија: Грета Кеменеш (Унгарија) и Леон Марковиќ (Хрватска)
  • Педијатрија: Клемен Довч (Словенија) и Михаела Рихтрова (Чешка)
  • Фармација: Милица Бајчетиќ (Србија) и Матеј Штухец (Словенија)
  • Пулмологија и алергологија: Петер Копач (Словенија) и Либорија Луговиќ Михиќ (Хрватска)
  • Ревматологија: Јелена Чолиќ (Србија) и Маркета Дудкова (Чешка)

Свеченоста на доделување на наградите ќе се одржи на 12 март 2026 година во Љубљана, Словенија.

Меѓународните Медис награди се воспоставени во 2014 година по иницијатива на словенечката компанија Медис и се признавање за иновативни научно-истражувачки достигнувања кои директно придонесуваат за напредокот на медицината и фармацијата. Целта е да се истакнат овие истражувачи пред пошироката јавност и да се охрабрат да продолжат со научната работа која носи реален бенефит за пациентите.

Повеќе информации се достапни на: www.medis-awards.com

Related Posts

Денот на Царинската управа се одбележува со организиран настан во Куманово

Денот на Царинската управа се одбележува со организиран настан во Куманово

25.03.2026

„Чистка“ во МВР: 1/3 од раководителите надвор од „игра“

25.03.2026
Извор: Screenshot; Алфа Телевизија

Мицкоски: Западен Балкан може да привлече 4 теравати енергетски инвестиции

25.03.2026

Снежна бура го зафаќа Балканот од 26 март – драстичен пад на температурите

25.03.2026
Денес го чествуваме Преподобен Кирил Пејчиновиќ

Денес го чествуваме Преподобен Кирил Пејчиновиќ

25.03.2026
Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа на крајот од овој месец

Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа на крајот од овој месец

25.03.2026

Препорачани Вести

Србија ќе ја задржи неутралноста, но е подготвена за одбрана, вели Вучиќ

Србија ќе ја задржи неутралноста, но е подготвена за одбрана, вели Вучиќ

2 недели ago

Русија: Европа му го покажа своето вистинско лице на Трамп – маските паднаа

7 дена ago

Популарни Вести

  • „Чистка“ во МВР: 1/3 од раководителите надвор од „игра“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денот на Царинската управа се одбележува со организиран настан во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Напад на електрана во Естонија од руско беспилотно летало

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран воведува нови правила за пловидба низ Ормускиот Теснец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 12 тони отпад отстранети од Маџир Маало

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.