понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Законот за заштита од пушење ги приморува трговците да набават нови витрини, во спротивно следуваат казни до 5.000 евра

by Redakcija
04.02.2026
in Економија
Законот за заштита од пушење ги приморува трговците да набават нови витрини, во спротивно следуваат казни до 5.000 евра

Дуќанџиите, сопствениците на маркети и трафики се соочуваат со нов, непланиран удар врз нивните буџети. Од 1 март, со стапувањето на сила на Законот за заштита од пушење, тие ќе мора итно да инвестираат во нови шкафови и витрини за складирање на тутунските производи – или ќе се соочат со високи казни.

Новите регулативи строго забрануваат изложување на цигари и други тутунски производи на потрошувачите. „Производите мора да се чуваат во затворени шкафови, кои не се визуелно достапни. Шкафовите не смеат да имаат надворешно осветлување и треба да бидат во боја што не привлекува внимание“, наведува предлог-законот.

За трговците, ова значи огромен и непланиран трошок. Многумина неодамна инвестирале во реновирање на објектите и поставување на витрини и безбедносна опрема, кои сега стануваат практично бескорисни. „Вложивме големи суми, дел од нив преку кредити, и сега ни се одземаат инвестициите. За многу семејства ова е прашање егзистенција“, велат трговците на мало.

Додатно, казните се високи: одговорните лица во маркетите ќе бидат казнети со 1.500 до 2.000 евра, а компаниите – во зависност од големината – од 3.000 до 5.000 евра.

Стравот од финансиски колапс веќе се манифестира. Трговците предупредуваат дека ќе бидат принудени да отпуштат вработени, а некои семејни бизниси се соочуваат со вистинска закана за опстанок. Договорите со добавувачи, кои се сеуште активни, ќе мора да се откажат, а брендирањето и уредувањето на продажните простори ќе треба да се менува преку ноќ.

Стопанската комора предупреди дека околу 4.000 малопродажни објекти ќе бидат директно погодени од новите правила. Дел од трговците веќе сигнализираат дека набавката и монтажа на посебната опрема во краткиот преоден период е практично невозможна, особено поради недоречените технички детали за изгледот на шкафовите и специјалните кутии.

Related Posts

Дизелот поскапува од полноќ – Ова се новинте цени

21.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,41 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.09.2026

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

21.09.2026

Рударство.мк: Европа ја зголемува побарувачката, нова можност за македонското рударство

21.09.2026

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена

21.09.2026

Бензинот и дизелот во ЕУ најскапи во последните 20 години

19.09.2026

Препорачани Вести

Млад ирански војник осуден на смрт поради одбивање да пука во демонстранти

8 месеци ago

Малолетник уапсен по кражба во црквата „Св. Богородица“ во Тетово

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Дизелот поскапува од полноќ – Ова се новинте цени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,41 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонци од Пиринска Македонија се собраа кај Кремен на панихида за жртвите од 1924 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Келин Ѓорѓеску приведен во Романија: Се истражува измама тешка 1,1 милион евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.