Monday, February 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Првите 100 дена од новиот мандат се посветени на развој и грижа за граѓаните

by Redakcija
09.02.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција.

Во овој период беше отворена новата градинка „Пчеличка“ со капацитет за 76 деца, адаптирана од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“. Во рамките на инфраструктурните проекти, се асфалтираа делови од улицата „16-та“, се поплочуваат тротоари на новата улица СРУ 5, а се изведуваат и три нови игралишта во месноста Областа.

Коњановски истакна дека во 2026 година се планирани 53 реконструкции на улици и локални патишта и изградба на шест нови паркинг простори на повеќе локации во градот. Во спортската инфраструктура се вклучени подготовки за мултифункционален спортски комплекс, атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“.

Во образованието се продолжува со реконструкција на училишни спортски сали, изградба на нови игралишта и објекти за учениците, додека за заштита на животната средина се преземаат проекти за одводнување и прочистување на отпадни води на 25 локации и за системи за водоснабдување.

Градоначалникот нагласи дека дигитализацијата е приоритет, со промоција на националниот портал за електронски услуги „Е-услуги“, а општината активно се вклучува во праведната енергетска транзиција со поставување фотоволтаици во училишта и на јавни објекти.

Во рамките на културата и спортот, Битола беше домаќин на натпревари на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, а се реализираа проекти за ракомет, бокс и други спортски активности. Општината организираше и јавни трибини, поддршка за волонтери, активности за лица со попреченост и старо население.

Коњановски истакна дека Битола го поттикнува туризмот преку проекти како физибилити студија за гондола на Пелистер и градежни активности за планинарскиот дом „Копанки“. Градоначалникот посочи дека секој проект ќе биде следен со транспарентно информирање до граѓаните, со цел локалната самоуправа да остане сервис на жителите.

„Не се фалиме, само работиме, а позитивните коментари доаѓаат од други. Критиките не не обесхрабруваат, туку нè мотивираат да продолжиме со нашата мисија“, изјави Коњановски.

Next Post
Доживотен затвор за Стојанче Зарков кој ја уби својата 84-годишна мајка во Штип

Доживотен затвор за Стојанче Зарков кој ја уби својата 84-годишна мајка во Штип

Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за четврток – 23 октомври: Поволен ден за финансии за неколку хороскопски знаци – ги очекува ненадејна добивка!

4 months ago
ВИДЕО: Се урна мост на автопат во Белгија – има загинати и повредени

ВИДЕО: Се урна мост на автопат во Белгија – има загинати и повредени

11 months ago

Популарни Вести

  • Лажно пријавил изгубена возачка, а ја користел – кривична за 48-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Време е енергетиката да се отвори и за жените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Засилени сообраќајни контроли во Србија: Фокус на камиони и автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сандер Аитрем го одбележа својот олимписки дебит со злато и нов рекорд на 5.000 метри

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дојранското Езеро со повисок водостој за 50 см

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.