сабота, октомври 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

by Redakcija
21.09.2026
in Економија, Топ Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат и правна заштита на географскиот назив, до формирање Комисија која ќе обезбедува стручна контрола, квалитет и следливост.

На денешната прес-конференција во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Сања Божиновска истакна дека заштитата на „Македонски рубин“ не е само формален административен процес, туку воспоставување систем со кој едно природно богатство на Македонија треба да добие јасни правила, институционална гаранција и дополнителна економска вредност.

„Природата ни го дала ова богатство. Стручните лица го утврдуваат неговото потекло и неговите својства. Институциите ја обезбедуваат правната заштита и контролата, а занаетчиите и обработувачите му даваат форма и дополнителна вредност. Нашата задача е да создадеме систем во кој секој што ќе го види името „Македонски рубин“ ќе знае дека зад него стојат автентично потекло, проверен квалитет, јасен стандард и институционална гаранција“, порача Божиновска.

Процесот започна во 2025 година, кога Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во координација со Геолошкиот завод, покрена иницијатива за институционална и правна заштита на „Македонски рубин“ како географска ознака.

Геолошкиот завод изработи Елаборат за заштита на производот „Македонски рубин“ како географска ознака – полу(скапоцен) камен од природен корунд, специфичен вариетет поврзан со прилепските доломитски и калцитско-доломитски мермери.

Елаборатот е заведен под број 01-102/2 од 15 мај 2026 година, а истиот ден Геолошкиот завод поднесе пријава до Државниот завод за индустриска сопственост за заштита на географскиот назив „Македонски рубин“.

На 17 јуни 2026 година, Државниот завод за индустриска сопственост донесе решение со кое географскиот назив „Македонски рубин“ беше заштитен.

Со ова, името „Македонски рубин“ добива правна заштита, но и се отвора следната фаза – практична примена на заштитата и воспоставување систем кој ќе гарантира дека називот се користи само за производи што ги исполнуваат утврдените услови.

Како законски следен чекор, по признавањето на географскиот назив беше формирана Комисија за контрола на квалитетот и посебните својства на производот „Македонски рубин“.

На работниот состанок одржан на 3 септември во Министерството беше потврден составот и избран претседателот на Комисијата, а на 14 септември Геолошкиот завод донесе официјално решение за нејзино формирање.

Комисијата ја сочинуваат:

  • Анета Ристовска – претседател
  • Кика Шпритова – член
  • Мице Тркалески – член
  • Филип Јованоски – член
  • Деан Шкартов – член

Изготвен е и Правилникот за начинот на работа на Комисијата.

На прес-конференцијата присуствуваа директорот на Геолошкиот завод Ивица Андов, 

Јелена Пеева, заменик-директор на Државниот завод за индустриска, како и претставници на двете институции и членовите на Комисијата.

Пеева посочи дека со заштитата на географскиот назив се создава правна основа, но дека вистинската вредност на системот се обезбедува преку неговата доследна примена.

„Со решението од 17 јуни, „Македонски рубин“ доби правна заштита како географски назив. Следниот чекор е да обезбедиме таа заштита да функционира и во практиката – преку јасни критериуми, стручна контрола, следливост и почитување на условите за користење на заштитениот назив“, истакна Пеева.

Јасни правила – кој и кога може да го користи името „Македонски рубин“?

Министерката Божиновска нагласи дека заштитата има конкретна цел – да се спречи злоупотреба на името и да се обезбеди сигурност и за производителите и за купувачите.

„Името „Македонски рубин“ може да се користи само кога е потврдено потеклото, обезбедена е следливост, спроведена е стручна контрола и се исполнети условите утврдени со Елаборатот и законската рамка“, рече Божиновска.

Системот ќе опфаќа евиденција на материјалот, утврдување на неговото потекло, стручна контрола на квалитетот, следливост од местото на потекло, преку обработката, до означувањето и продажбата, како и јасно дефинирани услови за користење на заштитениот назив.

Предвидено е и воспоставување јавен регистар на физички и правни лица кои ги исполнуваат законските услови за активности поврзани со вадење, обработка, промет и продажба на македонскиот рубин.

Посебно значаен чекор е воспоставувањето систем на сертификација.

Сите релевантни информации за потеклото, исполнувањето на условите и стручната контрола ќе бидат содржани во сертификатот, а дополнително ќе биде изработен и QR-кодпреку кој купувачот со едно скенирање ќе може да ги добие информациите содржани во сертификатот.

Очекувањето е првиот QR-код да биде изработен до крајот на октомври.

„Кога граѓанинот, туристот или странскиот купувач ќе го види називот „Македонски рубин“, треба да биде сигурен дека зад тоа име стојат автентично потекло, проверен квалитет и институционална гаранција. Токму затоа воспоставуваме систем на сертификација, евиденција и следливост“, порача Божиновска.

Паралелно со националната заштита, институциите работат и на создавање услови за меѓународна афирмација на „Македонски рубин“.

Државниот завод за индустриска сопственост ја подготви и достави до Владата Информацијата со Предлог-одлука за пристапување на Македонија кон Женевскиот акт на Лисабонскиот договор за ознаки на потекло и географски ознаки.

По донесувањето на одлуката и спроведувањето на потребните постапки за формално пристапување, ќе се создадат услови да се разгледа можноста за меѓународна заштита на географската ознака „Македонски рубин“ преку Лисабонскиот систем.

„Нашата амбиција е јасна – македонскиот рубин да биде препознатлив и ценет во Македонија, во регионот и на меѓународниот пазар. Меѓународната препознатливост започнува со кредибилен и функционален систем во нашата држава“, истакна министерката.

„Македонски рубин“ добива и свое место во Министерството. Во рамките на активностите за афирмација на македонскиот рубин, на прес-конференцијата беше посочено и значењето на мини-галеријата во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, посветена на овој природен ресурс но и на останатите минерални богатства на нашата земја.

Мини-галеријата е опремена во соработка со Дејан Шкартов – Деко и невладината организација „Откритие“, со која Министерството претходно потпиша Меморандум за соработка.

Министерката Божиновска истакна дека заштитата на рубинот не завршува со административното решение.

„Ние не сакаме само да го заштитиме името. Сакаме да ја заштитиме приказната, потеклото и вредноста што стои зад тоа име. Затоа паралелно работиме на системот на контрола и сертификација, но и на неговата афирмација. Мини-галеријата е мал простор, но носи голема порака – дека природното богатство треба да го запознаеме, да го чуваме и да му дадеме вредност“, рече Божиновска.

Паралелно, во тек е изработката на новиот Закон за рударство, во кој прашањата поврзани со практичната примена на заштитата на географската ознака „Македонски рубин“ ќе бидат соодветно усогласени.

Следуваат официјално информирање и едукација на занаетчиите, обработувачите, производителите, трговците и потенцијалните овластени корисници за условите за користење на заштитениот назив, начинот на евидентирање и контролата, како и обврските при означувањето, обработката, продажбата и промоцијата.

„Од геолошко богатство – кон заштитено име. Од заштитено име – кон сертифициран производ. Од сертифициран производ – кон препознатлив национален бренд. И од национален бренд – кон нова економска вредност за Македонија. Тоа е системот што го градиме“, порача Божиновска.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Тоневски: Се реконструира дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип, следната недела се очекува асфалтирање

17.10.2026

Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

16.10.2026

Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, се бориме цената да остане иста и од јануари

16.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,55 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

16.10.2026

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

16.10.2026

Општина Битола: Заедно со граѓаните го креираме буџетот за 2027 година

16.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Локални врнежи, снег и засилен ветер во следните два дена

Пообилни врнежи со силен северен ветер, кратко затоплување утре

8 месеци ago
„Кочани ви благодари“ – признанија за лекарите и државите кои помогнаа по трагичниот пожар

„Кочани ви благодари“ – признанија за лекарите и државите кои помогнаа по трагичниот пожар

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Златото и бакарот во Србија и новата економска улога на рударството

    Златото и бакарот во Србија и новата економска улога на рударството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДЕВЕТ ЧАСА ПОД ВОДА, ДО РЕКОРДНИ 338 МЕТРИ: Врело на Матка откри нови тајни, клубот објави три светски рекорди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | ХАОС НА ПЛОШТАДОТ БЕЛКУР ВО ЛИОН: Запален историски објект, насилни групи ги попречувале пожарникарите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО+ВИДЕО) ПРАТЕНИКОТ КЛЕВИС БАЛИУ ФРЛЕН ВО РЕКАТА ЛАНА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО АЛБАНИЈА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Мастер-планот за Чаир предвидува подобра инфраструктура и модерни јавни простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.