среда, август 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

МФ: Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway: дозвола, надоместок и јасно утврдени услови за организирање

by Redakcija
09.07.2026
in Економија, Топ Вести
ministerstvo za finansii

9 јули 2026 година, Скопје– Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Целта на новото законско решение со кое за прв пат се воспоставува регулирана рамка за приредување на подарувања (giveaway), е да се утврдат јасни правила, обврски и услови за организаторите, како и поголема транспарентност и правна сигурност за учесниците.


Согласно новото законски решенија, за приредување giveaway задолжително ќе се издава дозвола, која се добива по поднесување барање до Министерството за финансии најдоцна 30 дена пред денот определен за започнување на играта.

Доколку организатор на подарувањето е трговец- поединец, кон барањето за издавање дозвола доставува правила на подарувањето, докази за потеклото на наградите, документ за регистрација издаден од Централниот регистар, информација за економско-финансиската состојба врз основа на последната годишна сметка, доколку вршел деловна активност, доказ за платен надоместок за поднесување на барањето во износ од 100 евра во денарска противвредност, како и доказ за подмирени јавни давачки по основ на даноци, царини и придонеси.


Доколку организатор е трговско друштво, покрај наведената документација за трговец-поединец, кон барањето задолжително доставува и документ за регистрација издаден од Централниот регистар, како и потврди од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за добивање или одземање дозвола за приредување игри на среќа, ниту привремена или трајна забрана за вршење на дејност за приредување игри на среќа.
Доколку барањето го поднесува трговско друштво во име и за сметка на друго трговско друштво, потребно е да се достави документацијата што се однесува на трговското друштво во чие име и за чија сметка се поднесува барањето.


Законот воведува и обврска организаторот да плати надоместок за приредување на играта во висина од 18 проценти од вкупната вредност на фондот на наградите.

Надоместокот се плаќа пред започнување на играта, во рок од три дена од приемот на дозволата, а доколку не биде уплатен во законскиот рок, дозволата се одзема.
Новина е и тоа што правилата на играта задолжително треба јавно да бидат објавени пред започнување на подарувањето, а резултатите, односно добитниците, да бидат објавени најдоцна во рок од три дена од денот на извлекувањето или определувањето на добивките. Паричните и стоковните награди мора да бидат исплатени, односно преземени, во рок утврден со правилата на играта, кој не може да биде подолг од 60 дена од денот на објавувањето на резултатите.


Со Законот детално се пропишува и содржината на правилата на играта. Тие задолжително треба да содржат податоци за организаторот, производите или услугите што се рекламираат, условите за учество, времетраењето на играта, начинот на извлекување и определување на добитниците, вредноста на наградите и вкупниот награден фонд, начинот на нивно доделување, постапката за приговор, како и забрана за учество на вработените кај организаторот и членовите на нивните потесни семејства.
Времетраењето на една игра на среќа од типот giveaway не може да биде подолго од една година.


Со новиот Закон, за првпат се воведува законска дефиниција за подарување (giveaway). Тоа претставува игра на среќа во која влогот за учество се состои од активности како лајкување, тагнување, споделување или објавување содржини, а која се организира од трговско друштво или трговец поединец заради рекламирање на производи или услуги, на вообичаен или електронски начин, преку интернет, мобилни уреди или други платформи.


Законот ги дефинира и поимите „лајкување“ и „тагнување“ како влог за учество во овие игри на среќа. Лајкувањето претставува покажување интерес или позитивна реакција кон одредена содржина, додека тагнувањето претставува означување лице, фотографија или видео, кога таквата активност е услов за учество во играта.


Со воспоставувањето на овие правила се создава единствена законска рамка за организирање на giveaway активности, се утврдуваат јасни обврски за организаторите и се обезбедува поголема транспарентност, правна сигурност и заштита на учесниците при приредување на ваков вид игри на среќа

…

Related Posts

Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

25.08.2026

Благ раст на Македонската берза, „Универзална Инвестициона Банка“ најголем добитник

25.08.2026

„Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје – Блаце, договорот тежок 222 милиони евра

25.08.2026

Божиновска: Речиси 95% од потребите за струја во јули ги покривме со домашно производство

25.08.2026

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел

25.08.2026

Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

24.08.2026

Препорачани Вести

Архивар во државна институција земал 100.000 денари плата?

3 месеци ago

Тешка сообраќајка – повредени две лица

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Дневен хороскоп за 26 август: Кому му следува успех, а кому романтично изненадување?

    Дневен хороскоп за 26 август: Кому му следува успех, а кому романтично изненадување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада возвраќа на Трамп со нови царини за американската стока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, огнот се прошири и во околината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Спржена земја“ во Украина: Фронтот веќе се гледа од вселената, сателитски снимки покажуваат огромно уништување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.