сабота, јуни 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Жена во бременост нападната од партнерот – за среќа успеа да избега

by Redakcija
14.02.2026
in Црна Хроника

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата “Рајко Жинзифов”, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста.

Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни повреди – гребаници, отоци и хематоми на главата и телото.

Оштетената почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да повикаат полиција, но колку посилно викала толку осомничениот станувал поагресивен и посилно ја удирал, а во еден момент со намера да ја замолчи ја притиснал со раце на вратот. Жртвата, за да се спаси и да излезе од домот, го убедила осомничениот да одат на гинеколог за да направат ЕХО преглед и да го видат бебето.

Кога со автомобилот тргнале кон матичниот гинеколог и осомничениот застанал на семафорите на булеварот ,,Св. Климент Охридски”, оштетената успеала да избега од возилото и влегла во кафуле за да побара помош. Од човек кој седел во кафулето позајмила  мобилен телефон и веднаш пријавила во полиција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената.

Related Posts

Акција на полицијата – Уапсени 12 лица низ државата

20.06.2026

Тешка сообраќајка вечерва во Македонија – има многу повредени

19.06.2026

Жена од Тетово го нападнала и повредила својот невенчан сопруг

19.06.2026

Алкохол зад волан: Возач тешко повреден по превртување на „опел“ кај Штип

19.06.2026

Мотоциклист тешко повреден во судир со „ауди“ во Скопје

19.06.2026

Тетовка пријавила дека ѝ исчезнале над 80.000 денари од сметката

19.06.2026

Препорачани Вести

Крај на долгите чекања? Грција со побрз премин на граница

2 недели ago

ТАЈНАТА ОПЕРАЦИЈА НА ДЕЛЧЕВ: Што навистина се случи на денешен ден 1903 година во Ангиста – егејска Македонија?

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Трамп добива нов „Ер Форс Уан“ од Катар – авион вреден 400 милиони долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на полицијата – Уапсени 12 лица низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју на Нова Македонија со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, за 29. семинар на АГСМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави големо намалување на цените на горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата ќе исплаќа по 3.000 денари месечно за младите до 23 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.