сабота, август 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

15 Возачи уапсени и одземени автомобили низ државата, меѓу нив и двајца малолетници

by Уредник
15.02.2026
in Црна Хроника

Полицијата во текот на вчерашниот ден лишила од слобода 15 возачи низ државата, меѓу кои и двајца малолетници, поради управување возило без возачка дозвола, со активна забрана за возење или под дејство на алкохол.


Акцијата била спроведена на повеќе локации, а дел од приведените предизвикале и сообраќајни инциденти. Малолетник од Битола удрил во пешак, по што му било одземено возилото, додека во Гостивар мопед управуван од малолетник удрил во полициски службеник при вршење службени дејствија.


По еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале возила иако имале изречена мерка забрана за управување моторно возило, поради што и нивните автомобили биле одземени.


Возачи во Македонска Каменица, Гевгелиско, Струмица и Македонски Брод биле затекнати зад волан под дејство на алкохол, а двајца од нив претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјална штета.


На сите лица кои управувале без возачка дозвола им биле одземени возилата, а приведените биле задржани во полициски станици. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Од МВР апелираат до граѓаните да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, да не управуваат возило ако имаат изречена забрана и да не возат под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Related Posts

Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево–Охрид, сообраќајот се одвива отежнато

01.08.2026

Голема полициска акција во Кочани – Претрес и апсење

01.08.2026

Напад во продавница во Прилеп: Со закана одзел пари од касата

31.07.2026

Двајца полицајци суспендирани од работа – Ова се деталите

31.07.2026

Акција на полицијата во Скопје – Уапсени 9 лица

31.07.2026

Пијан предизвикал пожар во струмичко село, заврши во полициска станица

31.07.2026

Препорачани Вести

Инцидент на „Илинденска“ во Тетово – Уапсен 19-годишник

4 месеци ago
Круната на царицата Евгенија ќе биде реставрирана, откако беше оштетена при грабежот во Лувр

Круната на царицата Евгенија ќе биде реставрирана, откако беше оштетена при грабежот во Лувр

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Фолклорот не е само традиција, туку иднина што ги чува корените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево–Охрид, сообраќајот се одвива отежнато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема полициска акција во Кочани – Претрес и апсење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стравична сообраќајка утрово на автопат во Грција: Едно лице загина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.