вторник, јули 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Обилните дождови предизвикаа поплави низ Македонија, екипи на терен

by Redakcija
16.02.2026
in Македонија
Обилните дождови предизвикаа поплави низ Македонија, екипи на терен

Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави на повеќе локации во Република Македонија.

Најтешка состојба е забележана во Гостивар, особено во селото Форино, каде поплавите предизвикаа значителни проблеми. Противпожарните екипи работеа цела ноќ на справување со водата, а поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште.

Во Кичево, на улица Прилепска, поплавите зафатија голем број домови, при што 220 лица беа евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Подрумите на повеќе куќи во населбата Подварош на улица 29 Ноември исто така беа поплавени, како и дел од објектите на локалната болница. На терен се организирани достави на храна и вода, а активни се екипи на полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба со поддршка на Црвениот крст.

Во Општина Липково, делови од селото Опае се поплавени поради излевање на Слупчанска река. Слична состојба е и во селото Оризаре, но засега нема пријавени материјални штети. Во Куманово, во селото Доброшане кај мостот на Кумановска река се насобраа пластични шишиња, без непосредна опасност од излевање.

Во Општина Сарај ситуацијата е стабилна и се следи, додека во Општина Зелениково е забележано минимално излевање на Вардар кај селата Пакошево и Ново Село, без директна опасност за жителите.

Во Струмица засега нема пријавено оштетување поради дождот, но е пријавен одрон на пат кај селото Суви Лаки кон Берово, за што се известени надлежните служби.

Во Пробиштип е регистриран прекин во електричното снабдување во селата Долни и Горни Стубол, а екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да ја следат временската прогноза и да постапуваат согласно препораките на надлежните служби.

Related Posts

Ќерката Сашенка по смртта на Гоце Тодоровски: „Кога замина Ванчо, замина и дел од тебе – сега сте тандем и на оној свет“

27.07.2026

Анкета на „Стратум Р&Д“: ВЛЕН пред ДУИ кај албанскиот електорат

27.07.2026

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27.07.2026

Се огласи ќерката на легендарниот актер Гоце Тодоровски

27.07.2026

Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

27.07.2026

Тажна вест: Почина Гоце Тодоровски, легендата на македонската култура

27.07.2026

Препорачани Вести

Рубио: САД ќе ја проверуваат подготвеноста на Русија за мировен договор

5 месеци ago

ФОТО: Сахарска прашина ја напаѓа Македонија

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Бракоразводна драма во Скопје: Прво тој ја пријавил сопругата за напад, два часа подоцна таа го пријавила него

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Тетово и Теарце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќерката Сашенка по смртта на Гоце Тодоровски: „Кога замина Ванчо, замина и дел од тебе – сега сте тандем и на оној свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвав инцидент во струмичко: Шест лица упаднале во куќа и нападнале семејство со деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Опасна навика пред спиење: 70% од луѓето прават грешка која ја загрозува кожата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.