понеделник, август 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел

by Redakcija
17.02.2026
in Економија
Димитриеска-Кочоска: Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска нагласи дека секој денар од државниот буџет мора да има јасна економска оправданост и да придонесува за развојот на земјата. Според неа, фискалната дисциплина и забрзаниот економски раст не се во спротивност, туку се меѓусебно условени.

На панел-дискусијата „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“, Димитриеска-Кочоска појасни дека внимателното насочување на државните средства е клучно за создавање максимална додадена вредност. „Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст“, рече таа.

Според официјалните податоци на Комисијата за заштита на конкуренцијата, во 2023 година државната помош достигнала 206 милиони евра, што е речиси 1,5% од БДП, додека во 2024 година пораснала на 235,2 милиони евра или 1,52% од БДП. Министерката нагласи дека овие бројки ја потврдуваат важноста на државната помош, но истовремено ја нагласуваат потребата од висока транспарентност и отчетност.

Економските показатели покажуваат позитивни ефекти од поддршката за инвестиции. Пет квартали по ред Македонија бележи раст од речиси и над три проценти, а во третиот квартал од 2025 година економскиот раст достигна 3,8%. Бруто-инвестициите пораснале за 30,6% во истиот период, главно како резултат на зголемената активност на приватниот сектор.

За да се поттикне економската активност и регионалниот развој, Владата обезбедила дополнителни средства: 250 милиони евра за поддршка на инвестициски проекти на компаниите и уште 250 милиони евра за капитални проекти во општините.

Панел-дискусијата беше организирана од Институтот за економски истражувања и политики Finance Think, а меѓу учесниците беа академици, претставници на бизнис-заедницата, институции од Западен Балкан, членови на комисиите за заштита на конкуренцијата, како и меѓународни соработници.

Related Posts

МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции – поефикасно планирање и управување со капиталните проекти

10.08.2026

Големо поевтинување на горивата од полноќ

10.08.2026

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

10.08.2026

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

08.08.2026

ВИДЕО – Божиновска: Одлуките во енергетиката мора да се темелат на факти, анализи и стручно знаење

10.08.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 101,01 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

08.08.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО – На легендарниот стадион „Олд Трафорд“ одекна исламска молитва – Езан во чест на фановите со муслиманска вероисповед

5 месеци ago

ВЛЕН: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар – здравјето на граѓаните е над сè

3 недели ago

Популарни Вести

  • Инспекторатот во акција: Се ослободуваат тротоарите во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции – поефикасно планирање и управување со капиталните проекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На боледување, а на одмор во странство – Ова се последиците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пожар над Чифлик ставен под контрола, спречено ширење кон боровата шума на Водно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.