понеделник, јуни 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Нивото на Вардар се намалува, моментално нема ризик од излевање

by Redakcija
18.02.2026
in Македонија
Нивото на Вардар се намалува, моментално нема ризик од излевање

По неколкудневни интензивни врнежи и силен ветер, ситуацијата со водостојот на реката Вардар во Тетовско полека се стабилизира. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека нивото на реката е намалено и моментално нема опасност од излевање. Сепак, патниот правец меѓу селата Тумчевиште и Чегране останува затворен поради безбедносни причини.

Ноќта донесе нови предизвици за општините Теарце и околината. Во селата Нераште и Глоѓи паднаа две бандери од Телеком. Во Нераште бандерата се најде покрај патот и не го блокира сообраќајот, додека во Глоѓи падна директно на патот. Тимови на Телеком се известени и интервенираат за да го решат проблемот во текот на денот.

Скопје, пак, се соочи со последиците од силниот ветер во скопската котлина. Според ЦУК, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, предизвикувајќи материјална штета на повеќе автомобили. Информирани се СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои интервенираат во рамки на своите надлежности.

Поплавите од претходните денови, кои го зафатија селата Чајлане, Буковиќ и Семениште, полека се стабилизираат, велат од ЦУК. На територијата на Кичево, состојбата исто така се очекува да се нормализира, а магистралните патишта се проодни и сообраќајот тече редовно.

Состојбата со евакуираните лица останува непроменета. 250 лица од 63 семејства продолжуваат да примаат храна, вода и основни средства. Медицинскиот центар врши здравствени прегледи и дава совети, додека ЈП „Комуналец“ со поддршка од локални компании работи на расчистување и продлабочување на коритото на Зајашка Река.

Истовремено, се чисти и фекалната и атмосферската канализација. ТППЕ, со помош на пумпи од ПО ДЗС Кичево, продолжува со испумпување на водата од подрумите на улиците „Прилепска“, „Пиринска“, „Први Мај“ и „29 Ноември“, како и од други локации погодени од поплави.

Related Posts

vlada

Владата го осуди палењето на дипломатски возила: Сторителите ќе бидат најстрого казнети

15.06.2026

Мицкоски: Префрлени 230 милиони евра кон домашните компании преку унгарскиот кредит

15.06.2026

УЈП пред малку излезе со одлична вест за скенирачите на сметки

15.06.2026

Пожарот кај штипските села Долани и Љуботен под контрола, екипите остануваат на терен

15.06.2026

ВЛЕН: Албанците бараа единство и силно политичко претставување

15.06.2026

Од денеска нови правила на македонските патарини: Еве што се менува

15.06.2026

Препорачани Вести

Системот „Безбеден град“ открива – Ова се најчестите прекршоци

4 месеци ago

Силен циклон и јужни ветрови предизвикаа поплави и песочни бури во Грција

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Тетовската полиција со засилени сообраќајни контроли на повеќе локации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ескалира политичкиот судир во Албанија – Рама: Нема да попуштиме пред притисоците на улицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Планирани прекини на струја во Тетовско утре: Без напојување ќе бидат повеќе тетовски села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три скопски населби утре без струја, прекините ќе траат и до седум часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Саботажа“ во Индустриската зона „Жабени“ пред посетата на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.